Среда, 19 Декември 2012    PDF Печати Е-пошта
Маркови Кули (Летевци)

Markovi_Kuli_-_Letevci

Маркови Кули е тврдина - гранична стража 1,6 км источно од Кожле и 1,2 км јужно од Летевци, 3 км пред устието на Пчиња во Вардар. Претставува тесен и издаден карпест рид со стрмни страни во теснецот на Пчиња, околу кој реката врти во голем лак. Се издига 70 м над реката. Мало седло од источната страна го дели од повисоките планини; денес преку тоа седло поминува автопатот Скопје-Велес. Една прастара патека ја преминува реката на тоа место, поврзувајќи ги двете антички траси на Вардарската магистрала (и денес тука водат два еднонасочни автопата) западно и источно од Маркови Кули.

На седлото источно од Маркови Кули ерозијата разголила низа стари гробови — од доцноримско и од железно време. На оваа позиција во доцноантичко време бил изграден граничен кастел што ги контролирал двете траси на спомнатиот магистрален пат. Напречно преку оваа тешко проодна позиција била повлечена гранична линија меѓу провинциите Македонија и Дарданија (Горна Мезија), а тврдината ги надгледувала граничните премини.

Во средниот век била изградена целосно нова тврдина. Нејзиното јадро, поставено на највисоката позиција, има неправилна овална форма со влез на источниот крај, бранет со масивна кула. Ова јадро и кулата потекнуваат од најстарата градежна фаза, веројатно од доцниот XII и XIII век. Една друга кула вклопена во западниот ѕид има тесна правоаголна основа и потекнува од следната (II) градежна фаза како и обѕидот до неа), од доцниот XIII или XIV век. Внатре во обѕидот стоела куќата на господарот на тврдината, чиј сутерен е потпрен на јужниот ѕид. Претставува трпезарија (рицарска сала) со димензии 24 х 6 м. Наспроти неа стоела друга градба. Целиот распоред на обновеното јадро го определува ова место како феудален замок.

На падината северно и источно од замокот се простирал стопанскиот дел, укрепен исто со малтерно обѕидие во II фаза. Има големина од 153 х 55 м, а издадените агли на западниот, југозападниот и североисточниот дел биле зајакнати со кули. Кулите имаат неправилни основи и мошне слаби ѕидови, карактеристични за тоа време. Источниот ѕид, свтрен кон седлото и најлесно ранлив, бил зајакнат со еден предѕид, потоа со уште една кула и полукула. На полукулата се гледаат вкрстени делови од постариот и помладиот ѕид, со кој тврдината била проширена кон исток (III градежна фаза). Тука е сочуван и дел од стариот ѕид со првобитното круниште (обход и парапет), вклопени странично во челото на полукулата. И на северниот дел има неколку големи преправки во вид на три паралелни ѕидови и две заѕидани порти (III фаза). Оваа тврдина е еден од најдобро запазените објекти од XIII и XIV век во Македонија, врз кој може да се следи развитокот на градежните манири од тоа време.

Градот Кожле е спомнат во српските црковни повелби од времето на Стефан Душан. Со него тогаш управувал кефалија, што значи дека бил кралска (државна) тврдина. Го контролирала Вардарскиот пат во теснините помеѓу Скопското и Велешкото Поле. До 1230 година, кога Србите ги освоиле граничните византиски кастрони Велес, Чрешче, Штип и Просек, Кожле претставувал српска гранична стража и најистурена точка кон Византија.

„Градот” Кожле се граничел со феудалниот имот на црквата Св. Никола на Пчиња во времето на Цар Душан (Ст. Новаковиќ 1912, 701, 704). Црквата стоела на 1 км јужно од крепоста, вѕидана делумно во една пештера во кањонот на Пчиња. Во XVI век е обновена како Св. Богородица. На 200 м југоисточно од крепоста лежи друга пештера чијшто влез во средниот век бил делумно заѕидан; влезот горе имал арка, украсена со керамо-декорација. Тоа било скит (испосничка ќелија).
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.