Среда, 10 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
За празниците во Велес

- А кога на сабајле рано?

Сабајле.

- Околу колку?

Седумте после се одеше...

А палевте огин?

Палевме оѓин, Коледе обавезно. Ќ’ одиме уше од есен ќ’ одиме ќе береме валовец, ќе збираме, тоа је, валовец, вид трева и ногу гори сува и нија со чичко Ацо Зигов арабаџијата имаа и нива и одеевме со колата ќе ја натовариме колата и кај ним у дворот ќе ја онадиме и после па... Палеевме Коледе. А ногу пати па и на раци со ортома ќе го врземе и го влечеме, па ќе не сретнат некој друзи, поголеми од друго маало, па ќе ни го земат, па и ние сме земале и така... Сме правеле... Почнавме и да се тепаме маало со маало... И за празнициве да продолжиме... На Коледе вечерта е Бадник. На Бадник се меси зелниче, кравајче лепче и унатре париче... И кој ќе го најде паричето тој ќе бил среќен... И татко ми, мајка ми ќе дадат париче, нели, пари ќе ни дадат. Една година се падна кај сестра ми. Мене ми беше некако недраго оти кај мене да не се падне и ја... Ни стој ни чекај... А Магде сега ти ќе умреш! И ваа коа зина да плаче, мајка ми ја теши, ја онадуе: Мори те лаже! Вака онака... Она не, плаче ли плаче... Сабајлината, другиот ден Божиќ, на седми јануар, се одеше в црква. Од црква се оди кај постари. Првиот ден кај постари се оди, а вториот ден на левата страна од Вардар се одеше, а на третиот ден – од десната страна. На третиот ден Божиќ је Свети Стефан ден на лебарите, занаатот. Занаетчиите одеа в црква и таму Петолебие се креваше, владика ќе дојде, пееше сето тоа... И јадење, пиење нормално, сето тоа од лебарите. После идеше Василица. Четрнајсти јануар, Нова Година, по старо шо а викаме ние. Исто Сурово го викаме ние „Суровица – богровица“, песни пеевме. Исто и тогај, колачиња, коштанчиња, оравчиња, мигдалчиња... Тие работи ни даваа. Некаде па и по некој динар нешто ќе дадат и... Домаќинките обавезно у сито, орасите коштаните, сите тие работи у сито си ги чуваа и со ситото ќ’ испадне и ќе ни дава.

Како е песнава „Суровица – богровица“? Како е натаму?

Удри баба по тртица, да си пушти киселица, о,о,о Сурово... И вечерта на Нова Година на четиринајсти јануар уствари на тринајсти од-вечер се чекаше Нова Година. Татко ми со Перо Тунов ќе се собереа и... Ја чекаа Нова Година, обавезно со карти се играше, песни до сабајле, со мешници, со гајди. Имаше и постари луѓе шо се збираа, нели...

(Јордан Таќев, 1934)

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.