Среда, 23 Јануари 2013    PDF Печати Е-пошта
Народни поговорки од струшко

pogovorkiАј без пари, ај без ум, се` едно ти е.

Ајванот немат ј’зик, та не зн’јт да кажит шчо го болит.

Ајванот се врзвит со ј’же, а чвек со збор.

Ајдутин од ајдутин се плашит. /Зашчо само ајдутин можит да фатит ајдутин./

Ај нему си му зборвал, ај на дрео (камен, ѕизд) се` едно.

Ако арно прајме, арно ќе остајме.

Ако беше арна работата и владикана ќе работеше.

Ако бидам зет (неста) ушче еднош, знам како да гувјам.

Ако бидиш магаре, секој ќе те вјат.

Ако врнит се жаљат на влага, ако не врнит се жаљат на суша.

Ако го менал рувото, ама табиетот не.

Ако го најш попот, ќе ја најш и попаѓата.

Ако горит куќата од комшијата, варди ја и твојата.

Ако е виното кисело, ама срцето е весело.

Ако е за фајде, доста е.

Ако е испасена тревата, корењата ушче стоет.

Ако е јунак нека излезит на мегдан.

Ако е колиба - наша е.

Ако е кус денот, д’лга е годината.

Ако е медот благ, ама прстите не се јадет (туку се лижет).

Ако е мачно да се зборвит, не е мачно да се малчит.

Ако е некој будала, не биди му другар.

Ако е од татка ти ќе се погодиме, ако си го спечалил ти – тешко. (Оваа пословица можеше најчесто да се чуе од Евреите, но и од секој купувач при купувањето на имот).

Ако е Петко ќор, децата му се опулени.

Ако е селото весело и мојава фурка ќе предит.

Ако е цар, не е Господ.

Ако е цар, не носит две глај.

Ако е човек сиромав, баре, да е здрав.

Ако зборвиш лош си, ако м’лчиш ќе пукниш.

Ако играт мечката пред вратата на комшијата ќе заиграт и пред твојата.

Ако имат в пајнцата, ќе имат и в лајцата.

Ако имат век, ќе имат и лек, ако немат век, ќе немат ни лек.

Ако имаш вујко владика, лесно ќе се сториш поп.

Ако имаш лична жена, не оди на чужџина.

Ако имаш маша, не фашчај ја жарта со р’ка.

Неољата најмногу помогвит./ Ево една анегдота за тоа:

Во едно село си живеела една жена вдојца, со едно мало детуле. М’жа је го опрале арамии кога си идел дома од чужџина, за да му и зејет парите. Жената работала сама се` и вкуќи и надвор од куќи. Кога потпорастило детето, еден ден нешчо снеможила и му рекла на детето:

- Синче, зеј го магарено и секирчено и оди в планина да собериш дрва.

- Не зн’м мори мамо, како се берет дрва, рекло детето.

- Неољата, синче ќе ми ти поможит и ќе те научит, рекла жената.

- Не зн’м, мори мамо, да го тварам магарено, пак рекло детето.

- Неољата, синче, ќе ти поможит и ќе те научит, пак му рекла мајка му.

Детето го зело магарето и сеќирчето и отишло в планина. Кога навлегло во орманот фатило да викат: „Неољо, неољо, ела собери ми дрва“. Никој не му се оѕвал. Најпосле го зело секирчето, пречи го ова дрвце, пречи го она дрвце насобрало колку едно тoварче магарешко. После фатило да викат: „Неољо, неољо, ела твари ми го магарево“. Пак никој не му се оѕвал. Се вртело детето се шутрело, никој немат. Најпосле зело две дрвчиња со чепорошки, ги потпрело прашчите на ними фатило да редит едно дрво од едната страна едно дрво од другата страна. После ги врзало дрвата  некако со фортомите за самарчето од магарето и си дошло дома. Кога видела мајка му, му рекла:

- Виде синко како ти поможила неољата да набериш дрва и да го твариш магарчето.

- Не мори мајко. Грлово си го рашчинав од викање ама пустата неоља не дојде да ми поможит - рекло детето. Сам набрав дрва, сам ги товарив на магарето.

- Не, синко! Неољата била со тебе и таја ти поможила во се`, му рекла мајката.

Од Струга, запишал Филип Каваев
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.