Среда, 30 Јануари 2013    PDF Печати Е-пошта
Свети Гаврил Лесновски 28/15.I.

 

Светецот од Осечко поле

gavril-lesnovskiСвети Гаврил Лесновски живеел кон крајот на XI и почетокот на XII век. Потекнувал од Осечко Поле. Неговите родители биле богати но долго време немале деца па времето го минувале во плач и молитви упатени кон Бога да ги дарува со пород. Потоа Господ ги дарувал со машка рожба. Сакале детето да им биде образовано поради што кога пораснало го дале да се школува. Во неговото житие се вели дека „и откако помина малку време, ги изучи сите книги, и не еден јазик - туку повеќе, а Евангелието не го испушташе од рацете ни еден час”.

Кога пораснал родителите сакале да го оженат, му нашле девојка од добар и царски род, но тој повеќе сакал да се посвети на Бога. Се случило токму на свадбата починала невестата, а Гаврил побарал одобрение од родителите да го напушти родниот дом. И откако тоа се случило на сон му се јавил ангелот Господов и му рекол да оди во Осечко Поле и да изгради црква посветена на пресвета Богородица. Гаврил се вратил кај родителите им го раскажал сонот, а тие му дале богатство по што тој ја изградил црквата и ја живописал.
Потоа пак се вратил во Лесновскиот манастир од каде што со соглсност на игуменот отишол во една шума во близината на Злетово и тука времето го минувал во пост и молитви. Тука многу луѓе кои доаѓаа кај светиот се излекуваа од разните болести, а многу се спасија и од бесовите. Многу луѓе доаѓаа кај него да се лекуваат”. Житието натаму раскажува дека Гаврил по напуштањето на овој скит отишол во местото Луково во некоја мала шума за која никој не знаел и тука минал извесно време. Се случило еднаш тука да дојде еден овчар и да ги види неговите молитви упатени кон Бога. Овчарот го замолил да му помогне на стадото кози кое било болно поради неговите гревови. Гаврил нашол вода во една дупка од камен, ја прекрстил и му ја дал на овчарот да ги попрска козите. Тие веднаш оздравеле, а овчарот многу му бил благодарен.

Оттука Гаврил заминал во некоја далечна и тешко достапна планина и се сместил во некоја пештера во местото наречено Облов Врв, тука минал 30 години и тука починал. Никој не знаел каде починал поради што мислеле дека се преселил на друго место.
По извесно време светецот му се јавил на сон на некој Русин по име Јосиф кој живеел во градот Средец и му заповедал да појде на местото наречено Облов Врв, да ги земе моштите и да ги пренесе во Лесновскиот манастир. Така според житието моштите на Свети Гаврил стигнале во Лесновскиот манастир за подоцна пред налетот на исламот да бидат пренесени Трново во црквата   Светите Апостоли на Трапезец.  Подоцна манастирот што тој го основал и што го носи неговото име станал важен книжевен центар.
Ликот на Свети Гаврил Лесновски е многу присутен во живописот на црквите од североисточна Македонија, а за проучувањето на неговите портрети важно е откривањето на живописот во лесновската црква од времето на нејзината обнова по 1341 година.
Од книгата „Македонски празници“ од Марко Китевски, Скопје 2001.

Манастир „Свети Гаврил Лесновски“

Манастир „Свети Архангел Михаил и св. Гаврило Лесновски.“

Во селото Лесново, Злетовско, во 1341 година од страна на деспот Оливер врз темелите на постара црква била подигната црква посветена на Св. Архангел Михаил. Црквата го носела и името на Св. Гаврил Лесновски. Во пролошкото житие на Св. Гаврил Лесновски од 1330 година пишува дека црквата ја подигнал Гаврил посветувајќи му ја на Св. Архангел Михаил. По смртта на Гаврил и чудата што се случувале над неговиот гроб, пред се исцелувањето болни, манастирот станал познат по името на светителот-пустиножител па добил две имиња и на архангел Михаил и на  пустиножител Гаврил.  Подоцна овој манастир станал центар на словенската писменост познат како Лесновски книжевен центар. Живописот на црквата е завршен во 1347-48 година во времето кога Јован Оливер ја добил титулата деспот. Од фреските во црквата оставаат впечаток ликовите на Св. Гаврил Лесновски, Св. Јоаким Осоговски, Св. Прохор Пчињски, композицијата Успение Богородичино”, ретките сцени инспирирани од Псалмите Давидови итн. Резбаниот иконостас изработен од 1811-1814 година е дело на резбарската тајфа на Петре Филипович Гарката....

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.