Среда, 17 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Верувања од Разлошко

razlogГрадба на куќа

Кога се започнува да се копа темел за градење нова куќа, обично, се почнува со работа во понеделник (поретко во четврток). Во темелите се поставува првиот камен, како и ново грне „неукотлено“, т.е. неупотребувано и шишенце со светена вода (вода осветена во црква од свештеник). Кога пак, се започнува да се гради куќата се коле курбан – бело јагне или бела овца. Курбанот го јадат мајсторите, членовите на семејството што ја гради куќата и нивни блиски роднини. Се` што ќе остане од курбанот (кожа, коски и сл.) се закопува во темелот на куќата.

Кога се става покривот, меѓу две греди се оптега јаже, на коешто се ставаат подароците за мајсторите, донесени од членовите на семејството што ја гради куќата, од блиски роднини, соседи, пријатели. Се носат обично кошули, крпи, чорапи и слично, а еден од мајсторите со силен глас ги благословува дарителите, како што тие ги носат подароците.

Матица

Ако некој стопан има работници на нивата – собираат пченка и некој од работниците најде „матица“ (пченка со два или повеќе врвови), се верувало дека тоа е голем касмет и знак дека на стопанот на нивата „ќе му се манатаа фногу царевини“ т.е. ќе има голем бериќет. На таков работник стопанот му дава две надници или нешто друго.

Презерце

Црвено марамче со кремово-бел украс. Се ставало на престелката на невестата. Таа го држела со двете раце и тоа и поминувало преку рацете (през-раце) поради што и се викало презерце. за ова презерце деверот ја држел невестата и ја изведувал од мајчиниот и` дом. Во минатото младите невести оделе на Спасовден на Спасева црква и таму ги оставале презерцата.

Престапуљка

Кога прооди мало дете му се месува „престапулка“. За машко дете се месува киснат леб, а за девојче се приготвува погача намачкана одозгора со мед (да ја грабнат како питка со мед т.е. да се омажи млада). На дворот врз софра се стават парчиња од лебот односно погачата, книга, пари, чеканче и друго. Деца од околу две до пет години го фаќаат малото дете за раце и се вртат три пати околу софрата, а потоа му велат да си земе нешто од софрата. Ако земе книга, присутните коментираат дека ќе му оди учењето-ќе стане учител, ако земе пари-ќе стане трговец, ако го земе чеканчето–ќе стане мајстор итн. Потоа децата земаат леб односно погача од софрата и со трчање излегуваат во дворот. На ист начин постапуваат и оние што доаѓаат однадвор, со трчање влегуваат да земат погача и со трчање излегуваат; за да се ожени (омажи) малото дете навреме; да не го женат стројници и баби.

„Престапуљката“ се прави секогаш на новина, кога месечината почнува да расте, за да расте и детето.

Гатанки

Ѕид ѕидосано, вар варосано, нито дупка, нито полупка. (јајце)
Ни прозорче, ни вратица, п’на кашча сус дечица. (тиква)
Тетин тета шчипеше, муѓи них нешчо пискаше. (подница, баница и вршник)
Повиен туту з девет пелени. (кажал/зелка)
Крпен дедо крпен, с егла не боднат. (кажал/зелка)
Увиено дуду в девет пелени. (кажал-зелка)
Тука тута, там тута, ага ле била тута зад вратата. (метла)
Црвен петел под земја пее. (цвекло)
Весо се веси, клечо се клечи, рипна клечо, фана весо. (котел и верига на огнишче)
Дрипава Циганка пред царе излааза. (баница)
Црно маленко, царе повдига. (б’а/болва)
Отука брег, отам брег, в срадата жив човек. (дете и лулка)
Црвенко маненеко царот пак измешча. (ѕуница/шумска јагода)
Бесна кучка в гора лае. (балтија/секира)
В малечко грненце, блачко варивце. (лешпник)
Весила се весулка, дошла каракасулка, откаснала весулка. (чушки/боранија и жена)
Сива кобила по љувае пасе. (коса)
Д’га Мара без кокале. (кадеш/чад)
Д’га Мара сенќа нема. (река)
Сиво биче по тумба пасе. (вашка/ вошка)
Црно мече газо си пече. (котле над огин)

ОдкнигатаРазлошпкаЕлешницаодЃоргиПоп-Атанасов,Скопје 2012 г.

 

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.