|
||||
Свадба во Зубовце, понеделник- носење на невестата на вода |
Понеделникот, од традиционалната стара зубовска свадба, започнува со носењето на невестата на вода на една од маалските чешми во селото. Ја заводува машко детенце, водарче. Него невестата го дарува со плетени волнени калчинчиња. Со невестата на вода одат и најблиските роднини на џамутрата (младоженецот), а и виѓиарите, најблиските роднини на девојката. Кога ќе дојде на чешмата, невестата полни едно букаре (стомна) со вода и, најнапред, го здравува свекорот (го гушнува и му целкува - бакнува рака) и му тура вода да се измие. Свекорот ги мие рацете и ја дарува невестата со злато или со златен накит. Потоа невестата ги poздравува - бакнува рака и им тура да се измијат на: свекрвата, кумот и кумата, старосватот и старосватицата, бајрактарот и бајрактарицата, деверите и месариите, а тие ја даруваат со злато, со златен накит или со пари. Невестата ги poздравува - бакнува рака и им тура да се измијат и на виѓиарите. Најнапред го poздравува татка си и му бакнува рака, потоа мајка си, па стриковците и стрините, вујковците и вујните, браќата и сестрите и сите по ред што дошле на виѓија. А тие ја даруваат со злато, со златен накит или со пари. Откако ќе заврши овој древен обичај, невестата полни две букариња - стомни со вода и ги носи во својот нов дом. И при одењето на вода и при враќањето на невестата шеговито и пеат: Кроцкум оди убаа неесто, дан нагазиш ноги јунакои... Невестата ја предупредуваат како да гази и како да ги носи стомните, а таа божем случајно го стапнува момчето за тоа да ја слуша и да го почитува нејзиниот збор. Специјално за виѓиарите, во домот на младоженецот е подготвена богата софра со мезиња, со пијалоци и со јадења. Со овој обред завршуваат свадбарските обичаи, карактеристични за старата селска зубовска свадба. Точно една недела по свадбата, се извршува и адетот наречен првичари. Одкнигата- ЗубовцеодГалеФиданоски, Зубовце 2008 г. Подготви: Марко Китевски |