Среда, 06 Февруари 2013    PDF Печати Е-пошта
Беше си биле... Школи во Македонија

Ангелина Маркус

skoli-vo-makedonijaЛегендата ни зборува дека само боговите биле обдарени со знаења. Луѓето живееле во мрак, во темнина, при очи светло не виделе. Еден ден Прометеј го украл огнот од Боговите и им го предал на луѓето како тајна за просветлување. Тоа не бил обичен оган туку бил ум, знаење и писмо што се ширел како пожар во душите на луѓето што се просветлиле. Од таму и македонскиот збор просвета што стотици милиони луѓе го употребуваат за образованието, за учените со светол образ. Зевс се налутил и го казнил Прометеј за оганот. Го заковал на Кавкаските стени и орел секој ден му го колвал црниот дроб и ноќе се обновувал за да продолжува мачењето. Потоа дошол Херакло и го ослободил од смртните маки.

Светлината останала во Македонија за да биде света земја и Македонците да се нарекуваат свети луѓе, да ја шират светлината по светот просветлувајќи многу народи со Александровите походи и ширењето на Православието од Библијата. Учените луѓе од Македонија и денеска се барани по сите континенти како способни луѓе на просветата во Македонија.

Никој учен не се родил, затоа пак штом се родат децата одма учат како да преживеат. Детскиот ум се полни со впечатоци и богат емоционален живот. Оди во школо, чита, пишува и чекори во развојниот сложен процес на човештвото пренесувајќи ја генерациската меморија врз поколенијата како повторување и усовршување на цивилизациите.

Во дамна дамнина низ Македонија на карпи, на печати, на плочки, останале пораки во вид на знаци, симболи, цртежи и писмо. Останале траги од школи, учители, ученици, следбеници. Ние сме тие потомци на славните Македонци.

Многу одамна македонските школи биле на глас низ целиот тогаш познат свет. Тоа биле гиманзиуми како сегашните гимназии за општо образование.Тоа биле Лицеуми како военни училишта за племство. Симпозиумите се организирале за научна расправа со дискусија како и сега музеите ја чувале инспирацијата за творештво во уметноста. Сите тие школи ги обогатувал Аристотел со библиотеки во секој град. Имал свои ученици, соработници и следбеници, еден комплетен образовен систем каков што е и денеска во светот. Сите овие Аристотелови школи ја имале царската поддршка на Филип II и Александар Македонски. Затоа македонските школи ги сретнуваме покрај царските палати. Царот во Македонија секогаш бил најучениот човек и научникот, филозофот и лекарот секогаш биле царски луѓе. Тие заедно се дополнувале градејќи логичен метод, вистинит и траен. Факелот на огнот не ја осветлувал патеката во спортот туку духовната патека на знаењата стекната низ школите во Македонија. Цената на просветувањето ја платија маките на Прометеј откако ја прифатија Македонците.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.