Среда, 13 Февруари 2013    PDF Печати Е-пошта
Црква Успение Богородичино во село Велестово

Church-VelestovoНа падините на планината Галичица во селото Велестово – Охридско, е изградена по димензии мала црква посветена на Успение Богородичино.

Единствените податоци за оваа црква се неколкуте сочувани натписи испишани на старословенски јазик. Во првиот натпис, датиран од 1444 година, што се наоѓа на северниот ѕид, се споменуваат имињата на ктиторите: попот Георгија и Станца, братот на Станца Михо како и Рајко Добрилов Вториот натпис од 1451 година, е испишан над задниот влез во црквата од внатрешната страна што ги спомнува ктиторот Влкота и веројатно неговата жена Славка, ќерката Рувана и синовите Михо, Јаков, Никола...

Во натписот од 14351 година се споменува охридскиот архиепископ Никола во чие време е изведен еден дел од живописот во црквата. Архиепископот Никола не се спомнува во други извори и во литературата.
Со откривањето на натписите во оваа црква во 1966 година, се докажува дека во 1451 година, на архиепископскиот престол се наоѓа архиепископот Никола. Меѓутоа натписот во црквата Си Свети во село Лешани, Охридско, наведува на заклучок дека кон крајот на 1451 година или во почетокот на 1452 година архиепископот Никола веројатно умира или го отстапува архиепископскиот престол на архиепископот Никодим. Кога стапил на архиепископскиот престол архиепископот Никола е тешко да се утврди. Може да се претпостави дека по последниот познат архиепископ Матеј, кој се споменува во натписот на црквата Св. Илија во с. Елшани – Охридско од 1408 година, доаѓа на охридскиот архиепископски престол архиепископот Никола. Како периодот на неговото архиепископување изнесува во тој случај 43 години (1408-1451). Тоа не упатува на претпоставката дека на охридскиот архиепископски престол можат да бидат уште една или повеќе личности.

Црквата е еднокорабна граѓевина со полукружен свод и тристрана апсида однадвор. Градена е од кршен и делкан камен употребен за аглите и влезовите.

Живописот во црквата според натписите е изведен во две етапи. Првиот од 1444 година го зафаќа просторот  „од преграду до третиу греду“ (од иконостасот до трета греда). Втората етапа од 1451 година се простира од трета греда кон западната страна. Двете етапи се и графички одвоени со повлечена лента во широчина од околу 5 см.

Зографот на живописот од 1444 година ни се прикажува како значително посолиден, би се рекло поталентиран зограф. Неговата линија осцилира во однос на дебелината и прецизноста, но сепак неговите фигури се сосема солидно сфатени и изведени, при што недостатоците на цртежот, се надоместени со поживиот и посмелиот колорит, кој во извесни места како кај фигурата на Св. Меркурије, ги покажува настојувањата за доближување кон живописот од претходната епоха, односно од периодот на 14 век.

Зографот на живописот од 1451 година со дебелата и незграпна црна линија на цртежот, со бројните анатомски неточности и колоритот од потемни бои јасно го покажува упадокот во сликарството од овој период што станува општа карактеристика за поголемиот број од зографите во периодот на ропството под османлиските Турци.

Од книгата Споменици на културата во СР Македонија  од Антоније Николовски, Димитар Ќорнаков и Коста Балабанов, Скопје 1971 г.

(Подготви Марко Китевски)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.