|
||||
Охридските тајфи ...од нашето минато |
Во то време Охрид имаше две тајфи. Па јас памтам, ја сум негде триесет и петта година роден, Садило си постоеше уште од тогаш јаса ко осознајф за мене, ко знам за себе јаса го памтам Садило со тајфата. Едната беше тајфата на садило другата беше тајфата на К’ркул. Садило живееше во варош, а Кркул живееше долу Месокастро, овај Кочишта, ама тајфата од садила беше многу поуба и покомплетна. Тие беа пет души и карактеристични беа шо двајца меѓу ними свиреа од лево, супротно од сегашниве виолини шо свирет, од другата страна, со левата рака свиреа. На виолина беше Садило, беше Наум Курте и беше Паско Пепелко на ут, Чочег беше на дајре, и Катил, и тој беше на виолина. Значи имаше три виолини, еден ут, понекојпат и два утој земаа уш еден ут и дајре. То беше такамот, такамот на Садило беше тој, ама беа ногу убави. Тие свиреа само во Охрид. Тие свиреа почни од Струга, па Охрид, па ресен, па Битола, па дури Одеа Дебар, ама беа како да кажам, ногу уба тајфа. Ко че почнеа да свирет, то беше мило да ги слушаш и шо беше важно свиреа све староградски охридски песми. И знајте шо, едно е карактеристично за нив, пример, ко ќе имаше свадба, ќе е земеа невестата и е носеа, тогаш се земаше невеста и невеста се носеше од десно; ќе одефме од една страна а после по истата не се враќафме, мораше сфе десно да се одит да се донесит во куќата на младенецот. И тие кај ќе поминеа пред некоја фамилија охридска, тије му ги знаеја песмите, на секоја охридска фамилија, тије му ги знаеја песмите. И ко ќе поминеа покрај куќата кај шо беше зетот или по патот кај шо одеа, му е знаеја песмата и ќе почнеа да му ја свират та песма што му беше нифна, а тие си имаа песми, пример како Џоџевци си имаа „Бог да бие Русе твојта мајка“ Зарчевци си имаја: „Ќе ме грабит нане тој Никола од Зарчета“. Попстефановци беше песмата „Бор садила мома Евгенија“. И сега шо се десвит! Ко ќе поминеа пред тие куќи, газдата или домаќинот излегвеше и даваше некој динар, на свирачите даваше некој динар, а жена му нифна излегвеше со табака. Во табаката имаше вино, ракија, и леблебија, шо било, шо дал Господ шо се викат и така беа почастени. Ќе поминеше кај некоја друга фамилија – пак друга песма, така да го познаваше Охрид убаво, и така тој свиреше за секоја фамилија. Ако е невестата од Варош, ако е на пример Месокастро, ако е Долна мала, а зетот је горе, имаше обичај да се поминит по чаршија со то да се кажит на Охрид дека некојси охриѓанец прајт свадба и се поминвеше со невестата.. Е како! Музиката одеше напред и свиреше, а позади-музиката невестата и сватојте. Сега, ќе поминеше по чаршија, народ ногу, ќе поминеше од кај чинарон навака и сите еснафи, сите кафеанџите кој работа, ќе излезеа со табаките, то беше интересно, ќе излезеа со табаки, ќе ја запреа поворката и ќе и почестеа со табаката вино, ракија, шо имат, ќе ја испееја тука песмата нивна, оту знаеше Садило ќоја песма од кој е. И ќе поминеше на пр. Ке Мостровци тука и Мостровци ќе излезеа со табака со вино, со ракија, ајде подолу Андон Радич ќе излезеше, ајде повака еден Турчин имаше кафана, и тој ќе излезеше со табака и тека ќе свртефме од по чаршија и после ќе е однесефме дома. Садило не одеше само на свадби. Кај да се запејт Садило таму беше. Дали стројој, али вршечки, или зборој давајне, или имина, или слави во Охрид шо беа,. Садило беше прв. |