Среда, 13 Септември 2023    PDF Печати Е-пошта
Свадбени обичаи и крштевки

svadbaМажот ми је од Велгошчи, ама седеше овде во Охрид. Влашка Мала седеше и таму ме зеде, свадба со тапани, имаше можда преку сто пејсет души и цркоф се венчавме со поп. „Свети Ѓорѓија“ се венчафме, не венча попа Ѓорѓи, тога беше излезен ко млад поп и тој ни беше стројникот, пошчо му беше татко му на попа Ѓорѓија вујко на Живко шо го зедоф. И така, демек и дома адети: на свекарва ми и је гореа шамијата, па је дадов торбе, така било адет, утринава, демек, леб, сол, ме пречекаја со леб и вечерта кершеја стомни, демек то било тога...

А зошто сте кршеле стомни?

- Ам така адет, зетов и невестава ги затворет и стомни кершат. То ко станав сабајлето не мош да поминиш од стомниве, мораш да ги бериш со рака, заш една недела не чинело невестава да метит.

- А мајка ти жива беше?

- Жива беше мајка ми.

-А плачеше ко те изваа од дома?

Еми плачеше, како-не-ќе-плачит.

А Јоне како се жена?

- Јоне со стројници се жена. Ова Наде од Бимбиља, комшија беше тука, беше роднина со мајка е и со татко е од сна ми, и та дојде и рече: „Мор’ шчо-убо момиче, ај да го сваршиме Јонета за фиљан момиче“. И така, демек, се сваршија, со свадба, со све, исто со попој Влашка Маала „Свети Ѓорѓија“ царквана; ручеѕи, зелка имафме со месо и супа и компири во манџа, во котли варени, кувари клаени... Немаше ко сега печејнци, работи, то беше свадбата. Невестата тргат ѓумот со вода, е даваме лебој под мишка, ја чукаме на оџакот, мед да мачкат со карст да била блага, све така... (С. Крлеска, 1923)

За стројот невестата им даваше на сите од кеј зетот шо ќе дојдет, а пак тие ќе носеа, само за невестава ќе е даеа: Прстени, сатчина имаше, керсте, синџирче, ланче, така.

- А кој идаше на веридба?

- Идаја сите роднини од кеј зетот. Ние ќе си покенефме, пак, блиските од кеј невестава и обавезно невестата песна ќе речит, обавезно беше перво невестата, да и го чует гласот.

- А за свадба после?

- За свадба приќина дававме, приќина ногу се даваше тогаш. И сега давет, пак сега намештаи... Тога еден гардироп ќе ни даадеа, ќилим. Мене ми дадоја и кревет, и спална татко ми даде, јоргани и постели.

Невестата после гувееше?

Гувееше да. Во петокот ќе дојдеа приќето да го земет од кеј зетот, ќе го однесеа од кеј невестата, ќе одеа неколку души од кеј нас да го наместет таму кеј зетот причето.

-Ама невестата скријана?

- Скријана невестата, не, не излегвефме. Во недељата, пак, ќе дојдеа на ручек по невестата да е земет. Од кеј зетов носеа кондури, бели, и ко ќе дојдеа деверот и ги пробвеше на невестата,  пари нетре клаваја, а момичина околу невестава собрани, нередени другарки и ќе пеет, дуре да ја земет невестава; сега други-адети се, барет пари за невестата. После церкоф се венчевафме со зетот, ќе не чукнеа од оџак да не шетаме, да сејме дома, три пати од оџакот ќе не чукнеа кеј зетот. А поручек, пак ќе дојдеа од кеј мајка ми кеј невестава роднините со каната и ќе ги честеа и тука благо. И од кеј невестава ќе донесеа нешчо, али торта, али благо, баклави носеа, до некош ќе поседеа и ќе сј-ојдеа. (М. Алачова, 1920)

Јес со мојот сопруг бефме од деца другари. Работаф во пошта Скопје, се вратиф овде, ојдоф во „Белви“ на игранка заедно пак со ними и ми викат: „Ај, јас и ти да се св’ршиме“. Ја со умоф си велам: „Со-шо-ќе-се-св’ршиме? Јас динар дома немам шо-да-јадам, ти веридба“, зеш Лукановците беа голема фамилија. „Ам Лукановцине“, му викам, „сакет да му ставиш софра, а ние сиромаси, немаме со-шчо, да се онагвиме“... Перво за веридбата. Му велам на меж ми: „Немаме ногу“, велам, „ние, да не носиш ногу народ овдека, шо помалу – то поубо“. Сега вистина кучава моја имаше еден чардак шо береше, ама ај шо берел, туку сиромашчија немаше со ошчо. И тој рече: „Добро“. Шо добро, не донесе еден чоек, кои и донесе Велјановци, Лукановци, многу, многу души донесе ни после ко се собраја, ко еи видофме ние, леле шо-че-се-прајт. Фала Богу, рекоф, сите тука околу нас живееја тетки-метки, ојдоја, напраја една алва и со та алвата поминафме, по една лајца за сите, ќе ме дарвеја, ме дарвеја: која чанта, која чораби, немаше пари за прстен, немафме прстени златни и не се имаше тога злато. Од двадинарка српска нешчо, по едно прстенче ќе напраеја таму, поминафме и со то. Немаше едноставно све беше со точки. Сигурно не сум само јас така то шо сум го доживеала, го доживеале и многу мој другарки. Ама пак сите помогнаа, зешчо тога општината само со точки ми рекоа: „Еве ти триесет точки и шо знајш прај“. М’ж ми рече: „Дај ми ги мене да купам штоф за костум, да се променам, јас да сум зет“. А, јас, пак немав пило за постела. „Ам“- му велам „како, една постеља требит да се земит, а немам постеља, со шчо-че-дојдам кај Лукановци, страмота е“. „Е, мор, кој не пулит“. Имаф една тетка, Милица од Јовевци, од Господа ја викафме, и ми велит: „Јас мо имам едно пило за умирачка, ќе ти го дам тебе. Облечи ја постељата стара, спите вие, после ко че мојш че ми ја вратиш“.  И вистина така напрајфме, важно меж ми се промена во ново, а ја со пилото од тетка ми ојдоф, је однесов на-приќе. Ама, све се то прихвашчаше некако лежерно; дарој, какви дарој; едно рало чораби дај му и нека чует зашчо кој-маше, ние немафме ни пара, ниту пак можеше нешчо да се купит зашчо све беше со точки, општината нас не ни даваше да купиме шчо сакаме... Но, меѓутоа, вујкој, стрикој, стрини, шо требит, како требит, едната спална, другата комбилизон, третата – трето, четвртата-четврто, се собраја, важно свадбата си је напрајфне.

Садило по некој пат свиреше?

- Да на парвичина. Ќе ме викаја како невеста сегде и без Садила не ме викаја. Сите на парвиче шо ме викаја и Садило присуствуваше таму или пак, ево овај Коле од Лукана пак тој чуној имаше охридски. Пак ајде, парвичето ми го праеше Свети Стефан. Ќе месеа комади и со чуној. Пак Свети Стефан, памтам тога, не-оту имаше ко сега; Свети Стефан ќе одефме, таму парвиче, таму чунојте и оттука ќе се вратефме Студенчишта, паак ушче еднуш дур да се опијанеа сите мажи, па ќе се врашчафме пак со чуној до Сараишче. (Н Луканова, 1927)

ОдкнигатаТакасезборувавоОхридприредилеЛилјанаГушевскаиЛилјанаМинова-Ѓуркова, Скопје 1999

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.