Среда, 13 Март 2013    PDF Печати Е-пошта
Поука од епископ Климент за Света Недела

sv_nedelaБраќа, ние сме должни да ги почитуваме Божјите празници, воздржувајќи се од секакво зло, избегнувајќи од секаква нечистотија, угледувајќи се на светите Божји угодници, читајќи ги нивните житија во светите книги и напојувајќи се со вера од се срце: со каква добродетел биле или со какви обичаи го нашле небеското царство? И како го поминале овој прооден живот, којшто многупати без да го узнаеме одиме од овој свет, или нашето богатство стечено со голем труд и тоа за еден ден ќе се одземе од нас? Помислувајќи на ова светите Божји угодници се предале на труд, на бдение, на секакво воздржување. Затоа браќа, и ние сме должни да се угледаме на нив и ревносно да бараме спасение, повеќе од сите празници да го почитуваме денот на Христовото воскресение, а тоа е света недела. Затоа што од тој ден е првиот зачеток на сето создадено видливо, на тој ден Архангелот Гаврил и го благовести на Света Богородица воплотувањето Божје и на тој ден е воскреснат од мртви нашиот Господ Бог, го сруши пеколот и со својата смрт ја победи вашата горчлива и зла престапна волја, па заради славата на Христовото воплотување и неговото воскресение и почетокот на овој видлив свет, радувајќи се, да празнуваме на овој ден, украсувајќи ја Божјата црква со духовни песни и насладувајќи го своето срце и душа со благогласно читање. И самиот Господ Бог наш на тој ден му велеше на Мојсиј: „шест дни нека работи слугата твој и твојата слугинка, твојот вол и твоето магаре, а на седмиот нека празнуваат и нека се собираат в црква на молитва“. Оти таму примаме оздравување на душите и на телата, таму е страшната тајна, таму гласот Божји ушите на срцето ги заглушува и заради нас се создава нешто неискажано, таму се изгонува греовниот мрак од нашите срца, таму Синот Божји е положен пред нас на страшна трпеза, како јагне безгрешно, пролевајќи крв заради нас и нашето избавување од гревовите, сакајќи да не` направи наследници на своето царство. Затоа треба ние, браќа, со каење да се измиеме од секаква лошотија, па така да му пристапиме, со солзи да ги измиеме знајните и незнајните гревови, со смиреност да го скрушиме срцето свое, како и тој што се смирил и беше воедно и Бог и човек, за да го спаси човекот од измамата на ѓаволот. И ни го покажа патот кон спасение, велејќи: „Блажени се смирените со духот, дека е нивно царството небеско; и тие што плачат зашто ќе се утешат“. Затоа што оние кои не плачат заради своите гревови, без успех и неутешно ќе плачат во вечната мака. За таа благост, браќа, да се потрудиме и ние да и се стремиме, градејќи ја Божјата црква на Светиот Дух, без да си го помниме злото еден на друг, да цутиме со благоверие, греејќи со љубов кон бедните, украсени од братска љубов, со дух горлив, служејќи му на Бога, пристапувајќи му со страв и чистота, достојни да се јавиме пред него, како што кажа и самиот: „Ќе се вселам во нив и јас ќе бидам Бог во нив, а тие ќе ми бидат луѓе“. Па како ќе биде тоа? Во тој што ќе се всели Бог со присуство на своето животворно тело, не е ли почист од злато? Не се обновува ли чистота секој ден како орел и високо излетува со умот? Откако ќе го разбереме ова, ќе се обновиме со чистота и со добрина и својот живот достоен ќе го сториме, а не само со збор да се наречуваме христијани, туку со духовен подвиг да се поставиме и да се надминуваме еден со друг со добрина, па и нам да ни рече Господ наш: „Пријдете, благословени, наследете го од мојот татко приготвеното за вас царство од почетокот на векот“. Па затоа него да го прославуваме отсега со добри дела, иако сме навикнале  да живееме во слабост и мрзеливост до ден денешен, но уште од денеска да се помачиме за добри дела. Затоа што царството небеско насила се зема и насилниците го одземаат заради Исуса Христа, нашиот Господ, нему да му е слава, сега и секогаш и во сите векови.

Од книгата „Климент Охридски“ (Житија, слова, поуки), Скопје 1974.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.