Среда, 27 Март 2013    PDF Печати Е-пошта
Орашко Кале

Sobri

Град(иште) Собри е рударска и гранична тврдина и регионално средиште близу местата Орашје и Собри, тетовско.

Реконструкција на тврдината Собри, Орашје, доцноантичка рударска и гранична тврдина, обновена и во доцниот среден век

Месноста лежи на највисокиот дел од еден долг и тесен огранок што од планинскиот масив на Шара се спушта кон Вардар. Јужниот дел на огранокот завршува во Дервенската клисура, затворајќи ја од северната страна. Градиште е оддалечено 1 км од Вардар и 3 км југоисточно од Ораше и се издига 110 м високо над реката. Двете страни му се многу стрмни и паѓаат во длабоките бразди на Љуботенска Река и на еден поток. Има лесен пристап од север и југ. На падините источно од Градиште лежат стари рудници на железо и сребро и денешните копови на рудникот Радуша (хром). Низ Дервенската клисура водел стариот пат од Скопје кон Полозите и кај Градиште се одвојувал од него патот кон преминот Вратница на север, водејќи кон Качаник, Косово и Призрен.

Во доцноантичко време на Градиште било изградено обѕидие во цврста малтерна техника, кое опкружувало 3 простори:

  • Акрополата зафаќала простор од 0,8 ха, а ѕидот и бил зајакнат со повеќе кули, два челни бастиони, предѕидови и ровови пред овие, всечени во карпеста почва. Долж акрополата по средина водела широка улица трасирана на гола карпа, а од двете нејзини страни се гледаат основи на повеќе куќи со по неколку правоаголни простории, сложени во еден до два реда. Куќите се вклопени во правилна урбана шема и носат рановизантиски белези, иако е веројатно дека биле обновени и користени и во доцниот среден век.
  • Западното подградие се простирало на падината западно од акрополата, потпирајќи се на неа по целата должина. Зафаќало површина од 1,5 ха. Обѕидието (со малтер) било зајакнато со кули и контрафори а на северната страна и со предѕид. И тука се наѕираат темели од куќи.
  • Северното подградие било изградено на сртот пред акрополата, големо 0,5 ха и со обѕидие како и претходното. Во една подоцнежна фаза на североисточната кула бил дограден нов ѕид кон североисток, со кој е укрепен и просторот источно од неа. Од надвор, на дистанца од 20—40 м пред обѕидието бил насипан силен бедем од камен и земја, што служел како предѕид на целата тврдина. Внатрешниот простор е исто така исполнет со куќи во правилни и паралелни шеми.

Северно од крепоста, на зарамнетиот срт на ридот, на просторот до 3 ха се протегала неукрепена населба. Наоди во крепоста: керамика, повеќе монети од IV — VI век, многу парчиња ситни предмети ковани од железо или лиени од бронза и сребро. Крепоста ја контролирала границата меѓу провинциите Превалитана и Дарданија, што била повлечена преку овој цотез. Воедно ги штитела гореспоменатите блиски рудници, а преработката на металите во неа претставувала стопански основ на населението во и околу неа.

Наоди од XIII-XIV век

На обѕидието на акрополата се гледаат големи обновувања во доцниот среден век: била доградена северната кула-бастион и ѕидниот потег југозападно од неа, со полукула на западниот крај и сложен премин со скали и рампи пред него. Тука се следат дури две или три накнадни преправки.

Јужното чело на акрополата било изградено целосно и денес е запазено во височина од 9—11 м. Тоа остава впечаток на вонредна монументалност и атрактивност, со што го вбројува градот Собри меѓу нашите најдобро запазени крепости од средниот век. Челото е повлечено во права линија запад — исток, долго е вкупно 30 м, а една од двете кули на него има белези на донжон (од XIII—XIV век). До неа од внатрешната страна стоела голема правоаголна градба — трпезарија или коњушница, чии што горни катови служеле несомнено за живеење.

Во доцниот среден век покрај акрополата биле населени и двете подградија и неукрепената варош северно од нив, на чиј северен дел лежат урнатините од една средновековна црква. Црквата е делумно откопана од Р. Грујиќ (во 1939 г., необјавено). На целиот простор се среќаваат парчиња од средновековна грнчарија и предмети исковани од железо (ножеви, врвови од стрели со средновековни форми, алатки, шарки и кламфи, токи, делови од брави, клинци и др.). Една мамуза од железо со специфична форма упатува на IX-X век а турските акчи во XV век, ја претставуваат временската рамка во која егзистирала крепоста.

Крепоста Собри имала функција речиси иста како и доцноантичката: ги чувала двете спомнати патишта и премините на СЗ граница на Византија кон полунезависните српски земји преку Шара, а ги контролирала и обновените рудници во околината. Својата монументална фортификација градот Собри ја добил несомнено по српските освојувања на Полог и по уривањето на византискиот центар Лешок (во 1190 г.). Потоа Собри станало главна крепост во овој регион, а несомнено и стопанско средиште благодарение на рудниците и металургијата. Не само во крепоста и населбата до неа, туку и во целата околина лежат бројни згуришта и трагите од обработката, пржењето и топењето на железо, бакар и сребро. Во тој регион и денес се наоѓаат коповите на рудниците Јегуновце и Радуша.

По cе` изгледа дека и турците ги користеле овие рудници некое време, а поради нив и тврдината Собри. Можно е последните преправки во тврдината да потекнуваат токму од турско време. Во пописниот дефтер од 1467/68 г. покрај селото Собри (кое тогаш броело 73 куќи) е спомната и тврдината Собри (В. Кравари 1989, 221).

Извори:

Цвијиќ Ј.,1911

Дероко А., 1950

Алексова Б., 1959, 217

Томоски Т., 1976

Трифуноски Ј., 1976

Микулчиќ  И., 1982 б, 135-138
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.