Среда, 13 Октомври 2021    PDF Печати Е-пошта
Легенди од Кратово и Кратовско

Гаѓан камен

kratovoНа 24 километри западно од Кратово, во непосредна близина на познатиот археолошки локалитет Големо Градиште кај селото Коњух, Кратовско, се наоѓа локалитетот Гаѓан Камен. Според кажувањето на тамошните жители Стефан и Солунка Кошарски од селото Коњух и Тодор Петрушевски од селото Димонце, Кратовско, Гаѓан Камен во најстаро време било местото на кое вежбале војниците на царот во тоа време. Во текот на изведувањето на вежбите тогашниот цар ги надгледувал изведуваните вежби со цел да ги одбере најдобрите војници за својата гарда. Првата вежба била фрлањето копје, втората дисциплина скокови во височина и во далечина, според висината да скокнат напред или назад. Војниците вежбале јавање на коњи и се организирале трки со коњи. Најбрзите требало да убијат некое диво животно: дива свиња, зајак, срна или елен. По извршениот улов на животното царот ги принудувал да јадат живо месо со цел да бидат издржливи и силни. Во непосредна близина на Гаѓан Камен течела Крива Река од која ловеле риба и ја јаделе жива, без да ја подготвуваат. Според кажувањето на нашите соговорници, војниците им давале на коњите да јадат риба, претходно посолена. Една од поинтересните дисциплини било фаќањето жива лисица. Тој што ќе фател жива лисица имал привилегија да го чува царот, а ги имал и сите привилегии што царот им ги давал на своите најблиски соработници. Тој го назначувал за свој главен чувар, бидејќи го сметал за најспособен затоа што можел да биде целиот во крв, а царот да го гледа окото на војникот, што ја покажува неговата способност и јунаштво.

Во текот на вежбите војниците најмногу вежбале фрлање камен во далечина. Тие можеле да го фрлат каменот на голема далечина, дури до реката и оттука е претпоставката дека каменот го добил името Гаѓан Камен.

На ова место војниците вежбале постојано и на тој начин секогаш биле подготвени да ја одбранат својата земја и царштината на чело со царот. Тие ја добивале најдобрата храна и најдобрата плата од царот. Платата ја добивале во златни пари кои се ковале на овој дел од Балканот.

Во непосредна близина на Гаѓан Камен била и царската палата до која водел царскиот пат кој постои и денес и локалните жители така го нарекуваат. „Искочи ли на Царски Пут“ веќе си на правиот пат кон морето – значи по течението на Крива Река и на Пчиња, кои се влеваат во Вардар, се` до Белото Море. Во разговорните изрази и ден денес е присутен изразот Беломорска ѕвезда, по која се ориентирале караваните. Штом ќе се појавела таа на небото, се разденувало и се тргнувало со караванот за Солун. Старите велат: Дека да одиш нема да се изгубиш ако ја следиш Беломорската ѕвезда.

Автор на текстот е Стевче Доневски, објавено во „Музејски гласник, 4“ Музеј на град Кратово, Кратово, 2007.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.