Среда, 17 Април 2013    PDF Печати Е-пошта
За празникот поврзан со Раѓањето на Свети Јован Крстител

Јован Крстител. Икона од Марковиот Манастир, денес се чува во Музејот на Македонија

sv-jovan-krstitelТајане претставува македонски календарски обичај поврзан со празникот Раѓање на Свети Јован Крстител - Иванден (7 јули /24 јуни). Најдолго се задржал во Прилепско, Битолско и Крушевско. Од обичаите што се изведуваат на овој ден повпечатливи се оние поврзани со растението папрат. Имено вечерта спроти празникот се бере папрат, а тоа пак е поврзано со верувањето во неговата апотропејска моќ. Папратот се става на постелата и на него се спие за здравје, а рано наутро на самиот ден Иванден се плетат венци што се ставаат во бавчите за да ги чуваат од разни болести, временски непогоди како и други несреќи.

Иванден е еден од најважните празници кај целиот словенски свет во кој се преплетуваат голем број обичаи и верувања од старата словенска митологија, со празнувањето на денот на раѓањето на Свети Јован Крстител. Во македонската народна традиција овој празник е поврзан со летниот солстициј, односно со периодот на долгодневицата. Овој празник во годишниот круг празници е симетричен на Божиќ, денот поврзан со зимскиот солстициј, односно со периодот на краткодневицата. Овие два празници ги поврзуваат и повеќе обичаи и верувања поврзани пред се со сонцето. Во таа насока се и обичаите и верувањата поврзани со огновите. Ритуалите со билките, исто така претставуваат еден од најважните елементи поврзани со Иванден, а тие пак исто така се остаток од старите словенски верувања. Со Иванден се поврзани многу обичаи и верувања но најповеќе се однесуваат на билките и верувањето во нивната магиска моќ. Верувањето пак дека тој ден играло сонцето или дека се превртувало три пати е поврзано со тоа што Иванден се паѓа во најтоплиот период од годината.

Обичајот по региони

Прилепско

Вечерта спроти Иванден групи момчиња и девојки собирале билки, со кои закитувале едно ѓумче и го полнеле со вода од три чешми. Едно го носело ѓумчето на главата и него го викале Тајане, а другите оделе околу него и му пееле пригодни песни. Утрото групата со Тајането одела по дуќаните, каде што исто така пееле песни и собирале дарови, од кои подоцна правеле заедничка вечера. Притоа се пеело:

Tајане, Бојане, имам брат Свети Јоване,

ункеши, ункеши, ункеши по маглата.

По магла, по магла, по магла ситна роса,

по роса, по роса, по роса мома боса.

Играле момите крај манастирот,

калуѓер гледа од пенџериња,

фрли си шапка на герамиди,

од герамиди на трендафилот,

белата брада на берберница

црната брада на касапница.

 

Битолско и Крушевско

Во Битола спроти Иванден на ѓум нанижувале секакви цвеќиња и му клавале тељ од невеста што гувеела. Во Крушово во ѓумот момите клавале прстења и на онаа што ќе бидел пообелен, таа мома побрго ќе се мажела.

Преспанско

Во Преспа со многу обичаи и верувања девојките правеле кукла Иванка која ја шетале низ улиците, пееле песни и собирале дарови. Во Мала Преспа на Иванден се пеела песната:

Ивано, Иван девојко,

качи се горе на Иван,

на Иванови врвови,

да видиш поле втасано,

фтасано и обелено!

да видиш пченица класана,

да видиш снопје врзани.

Ивано, Иван девојко,

што си вечера зготвила?

-Погача, пресна ржена,

циронќи со штир варени.

 

Радовишко

Во Радовишко за Иванден односно Јајновден жените одат во полето или по ридиштата и берат миризлива трева (повечерница) за од молци. На самиот ден пред сонце берат нане – мирудија, која ја врзуваат во вид на букети и ја оставаат да се суши. Исушена, во секоја прилика ја употребуваат како лек против повраќање и стомачни болести. Мирудијата набрана на Иванден се употребува и како лек против детски проливи на тој начин што ја иситнуваат меѓу рацете и ја стават на препечена кора од леб напрскана со оцет. Обичај е секоја домаќинка кога ќе излезе сонцето да ја вади целата волнена постела и облека надвор, во дворот на јажиња спроти сонце. Така ги остават да стојат по неколку часа, а потоа ги тресат и повторно ги прибираат во ковчезите. Помеѓу алиштата стават од набраната трева (повечернина) за од молци. Веруваат дека алиштата што ги фанало јајновденско сонце не ги напаѓаат молците.

Во Дебарца, вечерта спроти Иванден се бере папрат, а тоа е поврзано со верувањето во апотропејската моќ на ова растение. Помал дел од папратот се откорнува од корен другиот се сече над земјата. Овој папрат се става во постелата и на него се спие за здравје, што значи тој ќе ја чува постелата (со луѓето што спијат на неа) од разни болести и други несреќи. Утрото на Иванден, рано пред изгрејсонце, од папратот откорнат заедно со коренот се плетат венци што се стават во бавчите. Тоа се мали венчиња со пречник од околу дваесетина сантиметри што на четорошни (разгранети) стапчиња се стават на пиперот, празот, компирите и другите градинарски култури. Овој папрат треба да ја чува бавчата од разни непогоди како и други несреќи. Чува да нема погано и да не ги јадат растенијата гриж (бубачки) за, како што се вели „Да го јадат папратот, да не го јадат пиперот“. Папратот на овој ден се користи и за прогнозирање здравјето и напредокот на семејството. Навечер во стреата на куќата се заденува папрат, за секој човек во семејството по еден корен. Следното утро се гледа: чиј папрат е повенат, тој не ќе има напредок во годината што следува, се вели: не е на арно. Истотака вечерта спроти Иванден или на самиот ден рано наутро жените берат растение што расте на ридските места и што се вика Иванден. Тоа растение набрано по овој повод се става во ковчегот со алиштата и тука се чува во текот на целата година со цел да ги заштитува од молци. Утрото на Иванден целата руба се распростира на чардаците на сонце и така се остава да стои цело претпладне. Освен верувањето дека тие алишта ќе бидат заштитени од молците овој обичај е добра можност да се покаже која девојка или невеста има повеќе руба. Обичајот добил и натпреварувачки карактер зашто по рубата се гледало не само богатството туку и работливоста на девојките, а тоа било решавачко при изборот на младите (бендисувањето) некаде задржано до неодамна.

Лепа Спировска, Кон проучувањето на обичајот Тајане во некои места на Македонија, „Македонски фолклор“, VI, 12, Скопје, 1973;

Сборник за народни умотворения наука и книжнина, т. VII, София, 1896, 144.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.