Среда, 24 Април 2013    PDF Печати Е-пошта
Гостивар во минатото

gostivarА сега нешто да ни кажете за традиционалните јадења, како се приготвувале?

- Е види! Комат сме праеле к’де нас. Може да се напраит посен комат. Сме праеле за пости кога е, комат ќе се замесит само брашно со вода, посно и ќе се изт’лчит ореси - не мелени на машина, него ист’лчени ореси и  во оресите ќе се ист’лче една глајца лук. Е сега тоа ќе било во еден тањир наместено. Е, ова брашново се праеле кори. Посниот комат и ќе се штркат само со зејтин. Најзгора на кората, ко ќе с’испечет (т’нок комат, со неколку коричиња) и најзгора ќе се зоврие малу вода, оваа, вода, во коа вода имат провриено и зејтин и ќе се тури во луков. И тоа озгора го турале. Тоа е посен комат. За кога се постело.

Мрсен комат, ќе замесат исто тесто и јајца. Ќе развијат кори кој како е умешен. Може да има квасец, може коматот да биде само со сирење и со јајца. И тој комат се развијала кора, па ќе се посипет со мас, па ќе се посипет со јајца и со сирење и ќе се напраело, тоа го викаат, тие го викале како сарајлии. вртен комат. Некој го викат колпите, некој го викаат сарајлија, некој бурек. Таке го праеле тој комат. Па се праело (ја кажом во наша куќа што се праело), се праело комат, посен исто. Тој за Б’дник ко се праит – со париче, ама се праит друг комат, посен со малку квасец, па се испечоат, ама последната (кога се испечоат таке) и сеа згора се остават ушт’ една кора да имат, па купус кисел, па пржен убоо, па турен на тоа. И кората згора. И таков комат праевме. Па комат праеле со зеље. Исто, коматите можат да се прават, само да имале, жената да е некоја марифетна, со тој збор, да может да напраит тесто од едно кило и пол брашно, да напраи три коматчиња: едно со купус, едно со преж, едно со сирење; таке д’ ’и задоволит свите домашни. Тоа било.

Праеле и топтајњци, со пченкарно брашно.

- Како се прави тоа?

- Тоа со пченкарно брашно, со малку квасец ќе се замесит тесто, па се турат во тепсија, се турат и доста мас, повише се користело за пченкарното брашно пресна...

- Свинска маст?

-Не. Пресна маст. Кравја мас. И ќе се тури внатра. Па се пече тоа. Па се ситни, се ситни ситно, па опет се преливат со мас, тоа е многу убо. И со тоа,како со свите комати, кисело млеко. Некој сакал маќејњца; јогурт тога немало. Маќејњца и кисело млеко.

Али највише ја, како што сум сакала, тоа било што се праит на Стара нова година. Тоа се вика кашаник. Тој комат. Се замесоат едно тесто со пченкарно брашно, едно тесто со чисто брашно. Е сеа требело да имат два сача. Тепсијата се турат на пиростија (како праела мајка ми). На пиростија и се турат прво чистото брашно. Прво се мачкат тепсијата со мас. И ова се праит со пресна мас, да биде поубоо. Тоа што е со чиосто брашно, само со вода се меси; тоа што е со пченкарно брашно само со јајца и со млрко. Е, ке нам ќе турат со кутљача голема. Некој праеле и со гезве, имам видено. Стрина ми со гезве ќе тураше. Тепсија голема бакарна. Ќе ја намачкаат со мас па ќе турат една кутлача, колку да се покриет т’нка, како палачинкине што е т’нко, да се покриет. Па сачот го туриле. Другиот сач веќе е турен да се греет. Тоа не требе многу. за пет минута. Многу е и пет минута - да се зацрвенит. Ќим е ова готово, овја сач се трга, се тура пченкарна една кора. Со јајца. Се турат сачот што се греет. Дригиот веќе одит да се греет. Таке: ред тоа, ред тоа, ред тоа. И тоа ќе се напраит колку три прста, вака. Кашаник најзгоре опет со чиста мас ќе ’о попарат да светнет тоа и го сечат на калапчиња поголеми. И туе парче турат и за Старата нова година што викаме мие Василица. И во тоа. Тој бил за мене најубавиот комат. Дури ми текнало ко бев бремена со Томчета, значи пред четириесет години, пред четириесет и една (сега ќе праит Томче, на треќи октомбар четириесет и една година). Бев бремена и на мажот му викам, многу лошо поднесоав таа бременос и ми викат:

- А бе нешто да каснеше.

- Ах да ти кажам што-ми се јадет, одма ќе оздраам.

- Како мори ќе оздраеш?

-Таке, ќе оздраам, ако јадам као кашаник.

- Па кого да фаќам да ти напраит, викат. (Па имаше една позната, маж му работел со Станиша, овја Владо Никодиноски жена му. И пошол ке неа.)

-Што требет да ти донесам?

- Кашаник и друго ништо. Звезда е пружена, викат ништо не јадет...

Одма почнала да ’ праит. Па ја цела недела сум се бавела со тоа. Ништо друго. Само тоа. И ден-денеска кога е таја болна, ја ќодам да е видам, ќе му однесам локум, малу кафе и: Ова ти е за коматот што-ми-го-напраи тога, ко бев болна.

И такви јадења. А ти кажав за Божиќ се праело печено прасе. За Велигден едва се чекало да се заколе јагне. Печено, на-фурна, ’и носеа, кој под сач ќе го испече, од џигерчињата праат чорба. Па обавезно прат баклава, тоа да бидет софрата богата. А од црква првиот што ќе дојдет од црква, па тој не се пуштат! Има да седит туе на ручек, се славит. Софрата тој ден не се дигат.

(Ѕвезда Китановиќ, 1929)

Од книгата Така се зборува во Гостиварприредил Боге Димитриески, Скопје 2000.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.