|
||||
Специфики на тајните мијачки говори |
Бошкачкиот говор кај Мијаците преставув постреба, која се родила најпрвин кај печалбарските дружини на градители, зографи, копаничари, сточари... Нивниот интерес бил сосема поинаков од интересот на средината во која ги реализирале своите договорни обврски. Но, професијата налагала да комуницираат меѓу себе со говор кој окилината не го разбирала. Исклучително посебниот однос и потребите врзани за работата го објаснуваат создавањето на т.н. таен мијачки говор-јазик и го покажуваат неговиот корен во турскиот, албанскиот и грчкиот јазик, како основа од кои се правеле кованици. Тие зборово ниту Македонците надвор од Мијачијата не можеле да ги разберат. Така кога договарале работа тајфите со некој газда за да не ги рабере дали работата ќе ја прифатат или не тие се служеле-говореле меѓу себно на тајниот говор-бошкачки, на пример вака: АПСИКО Е, СТАКЕЧИ ГО (убаво е погоди се); или: ОКЛИНЧИ ГО НЕ Е АПСИКО (остави го не ни одговара). Карактеристично е дека и секој одделен локалитет од мијачките населби имал свој локален зборовен фонд на бошкачки изрази, со што тајниот говор добива и посебна говорна боја интересна за идни истражувања. Од различни зидарски, зографски, копаничарски и други родовни тајфи, па дури и од ќеаински семејства, особено поголеми имаме локални тајни "јозици" кои и дури различно се именуваат. На пример Ѓорѓија М. Пулески зборува особено за оние негови "пословачки тајни говори на Мијаците", кои тој подробно ги споменува а не ги објанува, како што е случајот со "ластовичкиот говор". Академикот Х. Поленаковиќ в редица свои прилози за оваа тема зборува за "пословачки тајни говори на зидарските мајстори зографи и тајфи", именувајќи ги како "форничарски (француски) јазик". Д-р Томо Смиљаниќ Брадина. зборувајќи за тајниот говор на неговите родители, вели дека е тој говор некој вид "мифра". Зборовите се составуват со помош на словните броеви. На пример: за зборот ДЕН се зема бројот 4 (старословенско Д значи 4-има бројна вреднос четири), а за зборот ЕДЕН - 8. За лексичкиот фонд на зборивите во тајните мијачки говори погоре констатирафме дека се користени балканските јазици како нивна основа. Најмногу албанскиот јазик кој им бил еден од најпознатите туѓински јазици на мајсторите-тајфите. Според академик Оливера Јашар Настева, албанските зборови во македонските тајни говори, се побројни поради фактот што албанските зборови на мијачките мајстори им биле најпогодни, затоа што на местата каде најдолго работеле-печалеле албанскиот јазик бил речиси непознат. Според истражувањето на Д-р. Аритон Попоски во својата докторска дисартација, тој наведува неколку по карактеристични зборови како: вајза (девојче), ѓала, нурец, плак (стар), плака (стара), рашле, диват, гурат, нурат, скиват, шитосуват и др. употребени албански изрази во македонскиот мијачки дијалект, а потоа во мијачкиот таен говор. Како пример за употреба на грчкиот јазик во тајниот говор на Мијаците, ќе ги наведеме зборовите: калос (леб) и фршла (четка), од романскиот: манук и манука, се манучат (се женат), а од влашкиот:мамалига, мамалигар. Основниот фонд на зборовите во тајниот говор, сепак има македонски потекло. Тоа се зборови-кованици со преносно значње, добиени според карактеристичниот белег и зборови со по специфична конституција. На пример за кафе таен збор е мрко, за цигара е таен збор чадлива, за сирење таен збор е белоно, за пиштол таен збор е плускален, за оџак таен збор е чалмиче, за магаре-рикаче.
РЕЧНИК НА БОШКАЧКИ ЗБОРОВИ- бабјачишче: високо, младо момче; - барџ(ж)ан(избарџан):замачкан(обично, од храна, нпр. околу устата); - бело: млеко; - бокле: тешкотија; - брбулав: валкан; - бурбатит, му се: му се лоши/гади (обично од мешање разни храни при јадење); - велвеле: незгода, неволја; - вопер: вампир; - вочосан: побледен, побелен, неарен; - гачка: приказна; - жадија: женска; - жилка: работа; - зазелавен: поднасмеан, завеан; - здиплен: починат; - здипли: почина; - золаво: шеќер; - кифчит: заминува; - кордаленица: сама жена; - кордалец: сам маж; - лазарици: години; - манче, манчо: (непознат) господин, странец; - метилавици: овци (болни овци од метил); - мрко: кафе; - не раздавај: не кажувај многу, не прави се паметен; - облак: жена; - паќа: држава; - пангар: сад за пари во црква; - пепелаво: брашно; - плускален, кашлаче: пиштол; - петел: момче; - пилави: пари; пантофил: паричник-новчаник; - пулка: девојка; - рикаче: магаре; - рулек: бебе; - скивај: гледај; - скивосај го: истепај го; - слечко: мрзелив, несреден маж; - с'лнта: мрзелива, несредена жена; - тешка: бремена; - тунџа: вода; - цабланко: будалетинка, припрост; - цабланко: незрел; - чадлива: цигара; - чалмиче:оџал; - шифа: лошо да ти биде од јадење; - шлукање: одбирање со чукање; - шлукнат: чукнат; - шчути: слушај, внимавај и памти; |