Среда, 16 Февруари 2022    PDF Печати Е-пошта
Црковната состојба во Охрид, 1761-1762 година

Според Кузман Шапкарев

sveta-sofija

Црковната состојба на Охрид до паѓањето на независноста на неговата архиепископија во 1761-1762 година, или според некои до 1767 година секому до некаде му е познато кој ја прочитал историјата на тој тажен настан.

Историчарите, или неколку од нив кажуваат дека султанот Мехмед завојувачот кој еднаш минувал низ Охрид и видел некои расправии меѓу граѓаните и патријархот го зел овој последниов и го пратил во Цариград од каде тој и неговите наследници, охридските патријарси засекогаш го управуваат паството преку свои намесници. Дека тогашниот патријарх бил земен од Охрид и преместен во Цариград можеби е вистина, но не е сигурно дека и неговите наследници биле таму и оттаму раководел преку свои намесници. Тоа е докажано со многу факти од кои јас, тука ќе споменам само неколку.

1. Самите патријаршиски кодекси во Охрид, од нив два сеуште постоеја. Ако навистина охридските патријарси престојувале во Цариград и оттаму со свои намесници го управувале папството преку кого ги испраќале зелените потписи кои се гледаат на секоја страница на тие кодекси по триста годишно време т.е од Мехмед освојувачот до самото паѓање на архиепископијата? Дали кодексот бил испраќан во Цариград за потврдување на секој акт и пак враќан во Охрид или потписот патријаршиски врзан во крпче се праќал од Цариград во Охрид? А пак, ако и покрај здравиот разум би се допуштало соодветно расположение тогаш патријаршиските потписи нели по неопходност треба да бидат важечки според местото на  живеење на потпишаните? А во Цариград има ли некое место што соодветствува на кодексите при самите патријаршиски потписи?

2. Мнозина од охридските патријарси со датумот за кој станува збор, а особено патријархот Јоасаф кој светителствувал од 1719 до 1745 година умреле во Охрид. Сега прашањето е како тие умреле во Охрид ако живееле во Цариград и оттаму преку намесници управувале со папството?

Тука прилагам и една нова песна за паѓањето на споменатата архиепископија, составена пред 30 години од покојниот Григор Прличев која не ги оспорува споменатите докази, туку повеќе ги потврдува:

Падането на Охридската Патријархија
Хилјада и седем стотин шестдесет и второ лето
В Охрида од Цариграда дошол салаоор,
дошол салор.
Се претставил пред Арсенја, наша Патрика честнаго
И му рекол слово горко, слово жалостно:
„Царска волја е да тргниш денеска в Цариграда,
на тебе од врли Грци голем повик е!“
Собрал Патрик свое стадо в црква Свети-Климедова,
Благослов му дал последен, р’це заплетил!
Д’лго време липал старец в м’лчене всенародно
и по бела брада ровил с’лзи горешти:
Слушајте ме мили чеда, јаз ќе тргна в Цариграда,
на мене од врли Грци голем повик е.
Грцки Патрик ќе ни строшит славна Охридска столица
и мене до смрт ќе држит в заточение!
Ќе пратит владици Грци, лицем светци, срцем в’лци,
ќе ви дават, ќе ви стрижат, ќе м’лзат до крв!
Мегју народ ќе посеват нес’гласиа и раздори,
да се мразит син со татка и со брата брат!
Ви’ ќе викнете до Бога и крило не ке најдидте,
Смирени ке наведите глава до земја!
Ке ми б’дете сираци, така било написано!
Елате ми да ви гушна за последен п’т!
Црна т’га поразила старо, младо, м’жи, жени,
Вси со р’це заплатени с’лдзи ронеха!
Тој ги гушна, тие тажно му целиват десна р’ка,
А от р’ка како извор с’лдзи се лејат!
Вјахнал Патрик брза конја и неволно уп’тил се;
Тога шумен плач народен небо процепил!
Умилил се честиј патрик, хврлил шапка навезана,
Погледнал на сино небо, љуто преок’лнал:
„Ох! Послушај милиј Боже, хаир никојк п’т да немат,
Стамче-беј и Бујар Лигдо, Нејко-челеби!
Милостивиј Бог послушал Патрика горешта клетва;
Слава нихна, семе нихно погубил со шум!
И денеска в куки нихни ткајат пајачина пајаци,
и на пусти срехи нихни хутјат хутове!

По паѓањето и изгонувањето од Охрид на последниот охридски патријарх Арсенија, грчката патријаршија праќала грчки митрополити со титула Преспански, а не Охридски, кои не можеле да се задржат во епархијата освен по некоја и друга година.

Учебната состојба на градот нема да ја опишувам тука, бидејќи ваквиот опис е содржина на друг мој труд, само ќе кажам нешто за бројот на денешните училишта. Не би било излишно ако споменам бегло дека во тој поглед Охрид секогаш ги надминувал своите собраќа, околните и блиските дури и сите други градови во Македонија. Од неговите училишта макар и на туѓ грчки јазик излегувале учители и доктори. Сите постари учители на народен јазик родум од Охрид и околината се плод на охридските елински училишта. Во наше време во градот имаше доста учени старци какви во тоа време во никое место не се наоѓаа. Само во последно време Охрид во таа смисла останал поназад од други причини, има надеж за во иднина да се пополнат училишните недостатоци. Најслаби охридските училишта биле во текот на годините 1850-1854.

Во текот на 1859 година за прв пат во некои училишта се воведе народниот јазик, а сега нема веќе ни црква, ни училиште во кое да се служи на грчки јазик, освен гркоманските цркви и училишта.  Начинот по кој се замени грчкиот јазик со народниот опишан е подробно во весниците.

Денес во Охрид постојат шест народни училишта едно главно со 2-3 класа во дворот на Св. Климентовата митрополитска црква заедно со едно првоначално и три други првоначални во маалата Болница, Месокастро и Кошишта – сите за момчиња, а само едно за девојчиња за целиот град. Притоа има уште и 1-2 забавишта. Во влашките маала има по едно влашко машко училиште и едно женско во горната маала, поддржани од Романија.

Од записите на Кузман Шапкарев.

Подготви: Марко Китевски

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.