|
||||
Јакупица или Мокра Планина |
Јакупица или Мокра Планина е планински масив во централна Македонија. Составена е од повеќе планински делови: Караџица, Даутица, Голешница, Китка и Осој. Планинскиот масив е настанат во терциерот, со раседнување. Јадрото е составено од гнајс и од кристалести шкрилци, а над нив се наоѓаат дебели слоеви на мезозојски варовници и доломити. На планината се наоѓаат траги од ледената епоха, претставени преку циркови (две езера), валови и морени. Јакупица е богата со разновидна флора и фауна, пасишта, извори - врела и др. Највисок и најзабележлив врв е Солунска Глава, висок 2540 метри. Други важни врвови се: Караџица (2.473 м), Попово Брдо (2.380 м), Остар Брег (2.365 м), Убава (2.353 м), Остар Врв (2.275 м) и Даутица (2.178 м). Релјефот е пресекуван од бројни чисти и брзи планински реки. Големи области се покриени со букови, дабови и игнолисни шуми. Исто така, постојат очигледни траги на исконски глацијација од делувалниот период. Во последно време голем број на институции имаат дадено предлог Јакупица, како и целиот масив Мокра Планина да станат национален парк. Овој планински масив е лесно достапен од главниот град Скопје или од градот Велес и многуте села во оваа област. На чисти и јасни денови, од врвот Солунска Глава се верува дека може да се види градот Солун во Грција, па оттука доаѓа и врвот. |