Среда, 03 Јули 2013    PDF Печати Е-пошта
Христовиот Покров – Плаштаница и крвавите рани на Христовото Тело

hristoviot-pokrovВо Црквата на Светата рамноапостолна царица Елена, во Ерусалим,  се наоѓа Капелата на крунисување со Трновиот венец. Таа н# потсетува на исмејувањето и на страдањето на Христос, со ставањето на Трновиот венец на Неговата глава, кој го сплетоа војниците од трње.

Во Црквата “Гробот на Господ Исус Христос”, лево од Плочата на миропомазание, постои еден мал камен заштитен со висока решеткаста ограда од ковано железо. Овој камен го означува местото каде што стоеле Пресвета Богородица и “Жените Мироносици” за време на помазувањето на Телото Христово.

Да ги слушнеме зборовите на светиот евангелист Матеј за поставувањето на Телото Христово во Плаштаницата, која постои и сведочи за Христовите рани низ сите векови, за злосторството што Му го направи човекот на Бог, - на Спасителот на светот Господ Исус Христос, кој дојде на земјата да го спаси светот.

“А од шестиот час настана темнина по целата земја, до деветтиот час; а околу деветтиот час извика Исус со висок глас и рече: “Или! Или! Лама савахтани?” А тоа значи: “Боже Мој, Боже Мој, зошто Си Ме оставил?”... А Исус, откако повторно извика со висок глас, го испушти духот... А кога се стемни дојде еден богат човек од Ариматеја, по име Јосиф, кој Му беше, исто така, ученик на Исуса; тој отиде при Пилата и го побара телото Исусово. Тогаш Пилат нареди да го предадат телото. А Јосиф, штом го зеде телото, Го обви во чиста плаштаница, и Го положи во својот нов гроб, што го беше издлабил во карпа; па, откако постави голем камен над гробната врата, си отиде.” (Матеј 27, 45-46, 50, 57-60).

Христовиот Покров – Плаштаница.

Во Торино, Италија, се наоѓа Катедралата на Св. Јован Крстител со Капелата на Христовиот Покров - ремек дело на познатиот италијански архитект Гвариниј, која во 1694 година специјално ја изградил за Покровот.

Капелата на Христовиот Покров се наоѓа под велелепната купола на Катедралата.

Христовиот Покров се чува во реликвијар: дрвен сандак окован во сребро, високо над олтарот, зад седум катанци. Тој многу ретко се изложува. Во 1931 и 1937 година бил изнесен само заради снимање и испитување од страна на научниците на италијанската телевизија. Покровот бил изнесен и во 1933 година, заради 1900 годишнина од Христовата смрт и Воскресението.

Во оваа Базилика јавно бил изложен Христовиот Покров – Плаштаницата, за поклонение, од 27 август до 8 октомври 1978 година и тоа во чест на 400-годишнината од чувањето на овој Покров во Торино. Поради тоа, Базиликата била отворена 43 дена, од 7.00 до 20.00 часот. Тогаш на Христовиот Покров се поклониле преку три милиони христијани од разни краеви на светот. Во пространата Базилика каде што биле верниците стотини калуѓерки ја пееле специјалната песна “Санта Синдоне”, што значи Светиот Покров. Спрема олтарот на куполата високото свештенство ја служело богослужбата, а потоа било организирано групно разгледување на Христовиот Покров. Тој е во средината на олтарот издигнат околу четири метри високо на постоље, во специјално украсена рамка во позлатен дуборез. Поставен е хоризонтално по должина и во вертикална положба, а поради подобро разгледување дискретно е осветлен со рефлектори. Покровот е долг 4 метри и 36 сантиметри, а широк 1 метар и 10 сантиметри. Тој е заштитен со непробојно стакло во рамка.

Разгледувајќи го овој Покров, со око јасно се забележува отисок од Христовото тело од предната страна  на левата половина на Покровот и од задната страна на десната половина, што ја објаснува положбата на Христовото тело кое со левата половина на Покровот е поклопено преку главата, градите и нозете и завиткано со повој. Рацете биле прекрстени на стомакот, обликот на лицето е еврејски; косата била разделена на средината по Назаретски (еврејски) обичај и очите биле затворени.

На Христовиот Покров се гледаат жолто-‘рѓави дамки од избледената Христова крв на зглобот пред дланката на десната рака, стопалата, челото, во пределот на петтото и шестото ребро од десната страна и на грбот. Овие дамки ги оцртуваат местата каде што биле крвавите рани на Христовото тело, според Светото Евангелие за Христовото мачење.

Научна документација за автентичноста на Христовиот Покров: Многу научници од разни области се занимавале со испитување на автентичноста на Христовиот Покров.

Во 1898 година италијанскиот правник Секондо Пиа го снимил Христовиот Покров и добил на фотографска плоча во детали јасен лик и отисок на Христос. Покровот бил црн (така и требало да биде на негативот на плочата), но ликот и отисокот на телото биле во позитив. Тоа значи, дека отисокот на телото и на лицето на Покровот се во негатив, па според тоа, телото Христово било обвиткано со него.

Џузепе Енри, во 1931 година, повторно го сликал Христовиот Покров и го добил истиот резултат. Снимките предизвикале голема сензација, па оттогаш научниците сестрано го испитувале Христовиот Покров.

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.