|
||||
Кичевија |
Кичевијата е ограничена област која ја опфаќа Кичевската котлина која се наоѓа во западниот дел на Македонија. Према Полог граница е планината Буковика (1518 м. надморска височина); према Мијаците планината Бистра (2100 м.); према Дебарската котилина и Дримкол планината Стогово (2242 м.); према Деборци планината Гољак (1468 м.), па Беличко-пространската планина (1500-1600 м.); према Демир Хисар (Железник) границата е на изворот на Црна река, па на планината Лубен (1762 м.) и Стрмол (1762 м.); према Крушево планината Венец (1738 м.); према Прилеп планината Бушава (1702 м.); према Порече планината Песјак (1744 м.), па Цело'ица (1896 м.) и Добра Вода (2082 м.). Во Кичевијата се распознаваат помалечки провинции кои имаат свои имиња:
На дното на котлината постојат населби кои се настанати од големите поседи во средновековието, турски наречени „чифлици“. Селата по речните долини и на високите предели се од типот на земјоделски и сточарски села. Се забележува дека многу села на речните долини зафаќаат неплоден крај. Овие села се повлечени од плодното земјиште за да остане што повеќе плодна земја за обработка. Селата по речните долини се тешко пристапни и скриени, а исто така се скриени и по долините и селата во Краста. Селата биле скриени од причина што селаните пробувале да се заштитат од разните војски кои го напаѓале Македонскиот народ. Во врска со сточарството и земјоделството, се создавале и привремени населби, во кои се чувала стоката, сточната храна, и земјоделските алати. Тие привремени населби биле во близина на селата. Во Кичевската котлина разликуваме разни типови на села. На дното на котлината и таму каде што биле големите поседи на агите и беговите селата се од чифликарски тип. Тие биле збиени до кулата од агата или бегот, со високи огради и зидови, кои го издвојуваат имотот од соседната куќа, а измеѓу оградите имало „сокаци“-криви селски улици. Околу куќите постоеле големи градини со овошје. Од улицата во дворот се влегувало на голема капија. Во дворот се забележувале згради за живеење, за стоката, за сено, кошеви за пченка, амбари и земјоделски алати. Единечните куќи давале изглед на мали тврдини, особено во Горна Киќава. Во дворот имало бунар и покрај него големо корито. Кога навечер ќе се затвореле капиите, пристапот бил скоро невозможен од лошите песови. Во главно од овој тип е и Кичево, како и селата; Црвевци, Србица, Аранѓел, Туин, Поповјани, Јагол-Доленци, Зајас, Длапки Дол, Трапчи Дол, Колибари, Србјани, Челопеци, Лисичани, Миокази, Пласница, Преглово, Вранештица, Србјани и Другово. Селата од езерско потекло (Кичевската котлина порано ја исполнувало езеро, во кое се влевале реките од планинските предели. Тоа езеро истекло создавајќи ја долината на реката Треска, према реката Вардар) се исто така збиени, но така што терасата им останувала слободна. Над селата постоеле „шумјаци“ за стоката. Оградите на куќите најчесто биле плотови, а поретко зидови. Такви села се: Раштани, Осој, Ериновци, Стрелци, Шутово, Премка, Осломеј, Горно и Долно Строгомишта, Мидинци, Колари, Карбуница, Бигор Доленци, Атишта, Челопеци, Дворци, Орланци, Чифлиг Речани. Селата на речните долини и извори се средно збиени и скоро улица не се појавува. Селата се врзуваат со стрмни патеки и стази, и се доста непристапни. Тие се на раб помеѓу шумата и продуктивното земјиште. Со исклучок на Зајас, овие села останале чисти во поглед на верската и етничката припадност. Такви села се: Кнежино, Лешница, Речани, Бачишта, Тајмишта, Бериково, Папрадишта, Ново село, Крушица, Светорачи, Патеец, Дупјани, Рабетино, Ижишта, Ореовец, Русјаци, Латово, Кладник, Горно и Долно Добреноец, Јаворец, Лавчани, Душогубица, Ехловец, Кленовец, Иванчишта, Малковец, Поповец, Подвис, Пополжани, Видрани, Брждани, Јудово, Белица, Козица, Цер, Мало и Големо црско, Прострање и Велме'и.
Прозорците биле многу мали. Над огништето висел черен, неколку тешки хоризонтално поставени даски, а над черенот имало отвор за чад. Черенот служел за да ги спречува искрите, и да заштитува од појава на пожар. Се влегувало на голема врата, а се излегувало на мала која служела за поминување на луѓе, додека големата за поминување на стоката. Избата била долга 15 м. а широка 4-5 м. Во неа живеела група од 50 луѓе. Покрај избиште, се нарекува и стара куќа или куќишта.
Оваа куќа има и чардак, кој е широк, со отворени прозорци. Под подот на чардакот стоел кош за ставање на жито. Кај некои куќи до пондилата имало и одајче за на зима. Под кровот на куќата имало ател за кокошки. Кровот бил покриен со слама или плоча, а додека кај старите куќи кровот бил само сламеница. Овие куќи ги имало се до 1903 година, кога многу села биле запалени. Денес ги има во ретки примери.
Како градители се познати мијачките зидари, а потоа оние од Копачка и Железнец. Материјалот во главно бил камен и кал. Во поново време се пече и цигла, а куќите се покриваат со цреп. Селата во Кичевско имаат и свои привремени населби. Покрај селата се т.н гумништа или племништа, каде се врши житото. За преработка на млеко, према планините се изградени бачилишта.
Народна носија
Помеѓу регионите на Кичевијата, се согледуваат мали разлики, и затоа се обработуваат како едно исто. Носијата е составена од: кошула, клашеник, скутина, грлинка, чорапи, појас, ќурдија, калци сокај, тулбен, убрус, гајтан, накит. |