|
||||
Асеманиевото евангелие или Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик |
Асеманиевото евангелие или Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик кое потекнува од 10 или почетокот на 11 век. Евангелието е составено од 158 листови. Асеманиевото евангелие е пронајдено во Ерусалим од Ј. Асемани во 1736 година и по него е именувано евангелието. Евангелието е напишано на глаголица, округла глаголица, и декорирано со уникатни завршетоци и почетоци во боја. Според содржината, текстот бил класифициран како евангелие. Текстот е по потекло од западна Македонија. Денес, евангелието се чува во Ватиканската библиотека во Рим. „Macedonian Glagolitic and Cyrillic manuscripts“. Ilija Velev, Liljana Makarijoska, Emilija Crvenkovska. Skopje: Institute for Macedonian language Krste Misirkov. 2008. стр. 128. ISBN 978-9989-640-93-3. |