Среда, 07 Декември 2022    PDF Печати Е-пошта
Марково Кале

markovo-kaleМарково Кале е феудална крепост 1 км југозападно од познатиот Марков Манастир покрај Маркова Сушица и 1 км северно од Малчиште. Претставува издаден рид во подножјето на планинскиот венец Караџица, што од запад го затвора северниот дел од долгата речна клисура на Маркова река. Ридот Марково Кале се издига 100 м високо над реката и 530 м н.м. Од ова место се контролира патот долж Маркова река до нејзиниот извор, што преку планинскиот премин на Караџица продолжува кон соседните области Порече и Азот; денес овој пат има само локално значење. Во северното подножје на Марково Кале лежат антички испиралишта на златоносен песок, кои повремено биле експлоатирани и низ средниот век и турскиот период, до наше време.

Во доцната антика на врвот од ридот Марково Кале било изградено обѕидие од камен со малтер. Укрепениот простор имал неправилна правоаголна форма, голема 105 х 85 м, а на него од југозапад се потпирала акропола голема само 60 х 32/22 м. Таа стоела на највисокиот дел од ридот и со челото го надвишувала малото седло југозападно од неа. Нејзиното чело и јужниот ѕид биле два пати целосно уривани и повторно градени, секој пат поместувани погоре на падината. Во рановизантиско време врз урнатата челна правоаголна кула била изградена нова триаголна, а на источниот крај била изградена голема полукружна кула. На југозападниот ѕид на кастелот, широк сега 2,50 м, била изградена голема петоаголна кула и еден предѕид, со издаден потковичест бастион на јужниот крај, за да се отежнее доближувањето на непријателот до главниот ѕид. Во кастелот, во северниот дел, се гледаат темели од бројни куќи поставени долж тесна уличка. На падината стоела една црква.

Во доцното средновековие тврдината била обновена: на акрополата, врз челниот тригон од VI век, сега била изградена нова, петаголна кула со масивна основа. Обѕидието околу кастелот било исто така обновено, но со намалена широчина (до 1,5 м) и зајакнато со 7 потпори — контрафори. Јужниот агол на крепоста е зајакнат со потпор во форма на мала петоаголна кула. Предѕидот и јужниот бастион останале во урнатини и вон употреба. Движниот археолошки материјал е малуброен, бидејќи целиот локалитет е денес густо обраснат со грмушки од бел трн и на тој начин природно конзервиран. На јужната падина, пред челото на крепоста, се среќаваат парчиња од доцносредновековна грнчарија, а најдени се и монети од XIV (А. Гропа) и XIV век (турски акчи).

Најверојатно е дека тврдината била обновена во времето кога е изградена и големата црква кај Маркова Сушица, со цел да ја штити. Црквата била обновена од Волкашин во средината на XIV век. Судејќи по бројните портрети на кралското семејство на Мрњавци и библиските ликови симболично поврзани со нив, црквата требало да послужи како мавзолеј на кралското семејство (Л. Мирковиќ 1933, 181—191).

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.