Среда, 07 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Националниот парк Галичица

Националниот парк Галичица се наоѓа на истоимената планина која припаѓа на Шарско-Пиндскиот планински систем. За национален парк е прогласен македонскиот дел од планината во 1958 година поради особените природни убавини и исклучително богатата и ендемична флора и фауна.

galicica1

Паркот е сместен помеѓу Охридското и Преспанското Езеро и има меридијански правец на протегање. Зафаќа површина од 227 км2.

Основната геолошка подлога на Галичица во најголемиот дел се палеозојски метаморфни силикати покриени со слој од масивни варовници дебели од 500-550 м, со сунѓереста структура и голема порозност.

Масивот има развиен релјеф со големи и длабоки долови и широко планинско било кое во јужниот дел на Галичица е со височина поголема од 2000 м. Таквиот релјеф и близината на двете езера овозможува посетителот за цело време да има извонредно долги и убави визури.

На Галичица владее блага умерено континетална клима, која е под влијание на големото количество вода од двете езера и топлите субмедитерански влијанија кои продираат преку релативно ниските планински превои во Албанија.

galicica2

Покрај особените природни убавини и естетски вредности за Галичица е карактеристично тоа што претставува простор со еколошка интеграција од повисок ред и со се уште добро сочувана природна растителност во некои екосистеми.

galicica3

Растителниот свет во Националиот парк Галичица е претставен со преку 800 видови , од кои голем број реликти и ендеми, чија крајна граница на распространување е токму планината Галичица. За одбележување е присуството на 11 досега откриени локални ендеми кои можат да се сретнат исклучиво на падините на Галичица, што претставува јасен доказ за специфичниот флористички состав на оваа планина.

galicica4

Фауната на Галичица е исто така богата и разновидна.'Рбетниците се претставени со 170 видови од кои 10 водоземци, 18 влекачи, 124 птици и 18 цицачи.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.