Среда, 14 Август 2013    PDF Печати Е-пошта
Карбуница

karbunicaСелото Карбуница се наоѓа во Кичевското поле.

За време на Илинденското востание, на 4 август 1903 година, во селото се водела една од битките во кичевско-демирхисарскиот регион. Кичевските востаници, потпомогнати од 150 Демирхисарци на чело со војводата Јордан Пиперката, успеале да ги натераат турските сили да отстапат и долго време да не ја нападнат ослободената територија.

Во селото постои спомен плоча подигната во спомен на крвавата битка гради в гради одиграна на Ѓурѓејца. Во оваа битка, од страна на Арсо Војводата била применета воена тактика со која успеал да ја порази бројно надмоќната непријателска војска, која по некои кажувања и денес се изучува на воените академии во неколку земји.

Археолошки локалитети во Карбуница

Црква Св. Никола - изградена во 1862 година, од кога потекнува и иконостасот. Во 1938 година направена е надградба, кога се насликани и иконите од горниот ред на иконостасот, кои се дело на иконописци од Галичник.

Калојанска Црква

Локалитетот претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во непосредната близина на селото, од неговата североисточна страна, лево од патот што води за Кичево, каде се забележуваат остатоци од мала еднокорабна црква и околу неа гробови градени од камени плочи - тип циста, поставени во правец исток-запад. При изградбата на патот биле уништени повеќе гробови во кои имало монети.

Каленско Плење

Локалитетот претставува доцноантичка населба. Се наоѓа на околу 1 km југоисточно од селото, во непосредната близина на раскрсницата за селата Србјани и Староец, каде се среќаваат фрагменти од керамички садови и питоси и множество градежен материјал.

Крастица

Локалитетот претставува средновековна некропола. Се наоѓа на околу 500 метри под чешмата Јасиковец, на патот за селото Кладник, каде во 1976 година Страхил Наумоски открил гробови од камени плочи со ориентација исток-запад.

Кржалица

Локалитетот претставува населба и доцноантичка некропола. Се наоѓа на околу 700 m североисточно од селото, во приватни ниви, каде при обработувањето на земјата се наидувало на темели ѕидани од кршен камен и варов малтер. По површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, а наместа се забележуваат и гробни конструкции од камени плочи. Според кажувањето, во еден од гробовите биле најдени меч, копје и керамички садови.

Фрњомлака

Локалитетот претставува доцноантичка населба. Се наоѓа на околу 500 m јужно од селото, во приватна нива, каде се откриени темели од ѕидови, а по површината се наоѓа множество фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал

Св. Богородица

Претставува средновековна црква. Се наоѓа на околу 800 метри под селото, на мала височинка обрасната со густа шума, каде се забележуваат темели од мала еднокорабна црква која, според мештаните, била посветена на Св. Богородица.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.