Среда, 18 Ноември 2020    PDF Печати Е-пошта
Историјат на македонската драма

maskiМакедонската драма има богата традиција. Нејзините почетоци се во кусите дијалози на обредните игри од кои се развила народната драма. Први печатени драми се текстовите на Јордан Хаџи Константинов Џинот, дидактичките театарски претстави изведувани од учениците во скопското училиште „Света Богородица“. Малку подоцна, кон крајот на 19 и почетокот на 20 век, се појавуваат драмите на Војдан Чернодрински, првите драми со уметничка вредност, сведоштво на опстојувањето на македонскиот народ за време на османлиското владеење. Чернодрински ја означува првата етапа во развојот на македонската драма и тетатар. Иако Марко Цепенов е еден од нашите најначајни собирачи на народни приказни, сепак, не е само тоа. Тој со својата драма „Црне Војвода“ придонел за непрекинатиот континуитет во развојот на македонската драма. Следниот во непрекинатиот процес на развој по Балканските војни е Никола Киров Мајски, но најзначајни се секако авторите што се појавуваат меѓу двете светски војни: Васил Иљоски, Ристо Крле и Антон Панов, кои ја означуваат втората етапа во развојот на македонската драма. Тие со своите битово-социјални драми го означуваат растежот на македонското драмско творештво, а нивните трајни естетски вредности се докажани со тоа што и денес се се` уште актуелни. Во повоениот период појавата на Коле Чашуле ја означува третата етапа на развој, свртувајќи го своето творештво кон историските црнила на македонскиот народ, но и кон современите. Забрзаниот растеж на драмското творештво го надополнуваат: Томе Арсовски, обработувајќи ги современите проблеми, потоа Иван Точко, навраќајќи се кон минатото, Бранко Пендовски, а вистинско осовременување на македонската драма доживуваме со Горан Стефановски и Јордан Плевнеш, а во поново време и Дејан Дуковски и Сашко Насев.

Делата на Никола Киров Мајски

Неговиот прадедо од с. Свињишта, Охридско се доселил  во Крушево. Роден е во Крушево на 28 јуни (с.с.) 1880 година. Основното образованиего завршил во родниот град, а гимназија учел во Битола, каде после ученичкиот бунт во 1898 година против егзарсиската администрација и против владиката Григориј, заедно со други 17 ученици е исклучен. Потоа гимназијата ја завршил во Солун, па му се посветил на учителствувањето. Во 1903-4 година станува учител во селото Баница. Во сите места се среќавал со видни личности на ВМРО и како хроничар ја бележел сета нивна активност и настаните во Македонија. Илинденското востание го затекна во родното Крушево, во кое зел активно учество како секретар на штабот на крушевските востаници и бил еден од блиските соработници на Н.Карев. По востанието бил раководител на ВМРО во градовите Ифтиман (Бугарија),  Дебар, Голо Брдо и Корча. По Втората Балканска Војна своето семејство го префрлил во Бугарија. Потоа завршил правни науки во Софија и работел како учител, па како финансиски службеник, а потоа се занимавал и со други дејности. Бил назначен за директор на училиштата во Охрид, Дебар и Ресен (1909-19013). По војните емигрирал во Бугарија каде се оддал на политичка и книжевно-издавачка дејност. Оставил доста историски трудови, како: „Со поглед кон Македонија“, „Крушево и неговите борби за слобода“, „Епопејата на Крушево“, „Светлина кон темнината“ и други. Познат е и како драмски писател и поет.

Никола Киров Мајски бил културно-национален и просветен деец, историограф, револуционер, книжевник, драмски автор, раскажувач, поет и мемоарист од Крушево. Во 1923 година, како сопствено издание ја објавува драмата „ИЛИНДЕН“ напишана на македонски јазик во која го составува Крушевскиот манифест. По Втората Светска Војна се населил во Софија и одушевен од создавањето на македонската држава неколку пати ја посетил и пишувал драмолетки на македонски јазик што ги изведувал на сцената на крушевското братство во Софија. Починал токму на Илинден во 1962 година, оставајќи повеќе необјавени дела помѓу кои и 13 драмолетки ”Сценки”.

Биљана Петрова

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.