Среда, 21 Август 2013    PDF Печати Е-пошта
Маврово

mavrovoМаврово е едно од местата во Македонија со највисоки пејсажни вредности и со најсочуван биодиверзитет. Идеално вклопено во планинскиот амбиент, Маврово претставува заедница која пружа бројни можности за секакви активности поврзани со здравиот начин на живот и чистата животна средина. За жал, Маврово никогаш не успеа да го воздигне својот бренд како посакувана регионална дестинација надвор од зимската (скијачка) сезона, иако во сличните туристички центри (Жабљак, Банско, Олимп...) има посетители преку цела година овозможувајќи на локаланто население и на локалните заедници рамномерни и континуирани приходи во текот на целата година, со што се осигурува оддржливиот развој на регионите со особени природни реткости и убавини.

Летните месеци се погодни за прошетки и планинарење. Широките ливади и чистите пролетни извори се привлечни за планинарски тури, кампување, планински велосипедизам и други видови рекреација. Меденица (2160м) е највисокиот врв на планината Бистра. Лесно е достапна и на само пет часа лесно пешачење од центарот "Заре Лазаревски". Започнете со искачувањето од хотелот Бистра, по патеката под двоседешниците која ќе Ве доведе до бачилото Трифкова Колиба. Од таму појдете кон Галичкиот скилифт и свртете десно кон патот за селото Галичник. По кратенката, минувајќи покрај малите езерца и тревнатиот терен на областа наречена Тони Вода, пешачејќи кон патот за селото Галичник, пресечете го патот и преминете на десната страна од каде што веќе и ќе можете да го забележите врвот Меденица.

Искачете го најблиското врвче од Вашата десна страна и по изохипса, полека нагоре ќе се движите кон највисокот врв на Бистра. На самиот врв Меденица, со црвена боја е испишана надморската височина од 2.163 м. Уживајте во прекрасниот поглед од врвот, поблиску до природата. Чувајте ја околината и природата!

Следете ги 10-те Интернационални планинарски правила:

физичка подготвеност, планирање на турата, опрема, временски услови, информирајте некого за Вашиот план, водете сметка за временската должина на турата во двете насоки, никогаш не планинарете сам, не претерувајте, следете ги знаците и патеките, почитувајте ја природата!

Трите патеки за планински велосипедизам на Бистра, одат паралелно се до бачилото Трифкова Колиба и патеката за галичките ски лифтови. Првата патека оди лево кон местото Мирна Долина каде што секоја зима се оддржуваат натпреварите во нордиско скијање. Со искачување на врвот од жолтиот ски лифт и спуст по патеката од синиот ски лифт повторно се враќате на почетната позиција. Втората Ве води на патеките од галичките ски лифтови, лево позади падините на истите каде што по прекрасен тревнат терен доколку имате среќа можете да возите покрај некое крдо од диви коњи. Ќе минете покрај бачилото и патеката ќе Ве води на стариот макадам пат, свртувајќи лево ќе возите до врвот на жолтиот ски лифт. Од таму ќе го видите бачилото Трифкова Колиба.

Патот до почетната позиција е идентичен како и за првата патека. Третата патека минува покрај галичкото бачило и почетокот на истоимениот скилифт и по макадам патот Ве води до асвалтниот пат за селото Галичник. На раскрсницата десно имате можност да изберете по која од двете патеки би возеле спуст, приклучувајќи се на патот за хотелот Бистра. Доколку на истата раскрсница тргнете лево, асвалтниот пат ќе Ве води до селото Галичник. Четвртата патека е најдолгата патека и Ве води околу убавините на мавровското езеро, со можност да застанете и уживате во вкусовите на шумските јагодки и останатите шумски овошја кои се протегаат покрај патот.

Превземено од : Здружение на граѓани Еко Маврово
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.