Среда, 04 Септември 2013    PDF Печати Е-пошта
Кратовска книжевна школа

Lesnovo-Parenesis
Фрагмент од Лесновскиот паренезис

Во рамките на Кратовската книжевна школа, како книжевни центри се среќаваат македонските манастири Свети Прохор Пчињски, Свети Јоаким Осоговски и Свети Гаврил Лесновски. Во овие манастири поактивно писмената и книжевната традиција ќе започне меѓу XII и XIV век, а се разбира и до XIX век, зашто во овие манастири ќе се негува словенскиот збор и православието во периодот на турското владеење во Македонија.

Како македонски дејци, припадници на оваа школа се јавуваат Димитар Кратовски кој е активен во XV век и Јован Кратовски кој својата дејност ја обавувал во XVI век. Кај препишувачите од Кратовската книжевна школа постоела јазична свест за почитување и за употреба на особеностите од Охридската книжевна школа. Тие спонтано внесувале јазични особености од северните и од источните македонски говори. Од оваа школа потекнуваат ракописите како: Вранешничкиот апостол, Лесновски паренезис, Струмичкиот апостол, Хлудовиот триод, Радомирово евангелие, Карпинското евангелие и други.

Ракописите од Охридската и од Кратовската школа се совпаѓаат едни со други според повеќе правописни и јазични особености, и ја претставуваат македонската варијанта на црковнословенскиот јазик.

Извор:

Група автори: „Македонски јазик и литература“, Просветно дело, Скопје, 2006 година, стр. 32.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.