|
||||
Манастир Свети Наум - Охрид |
Манстирот Свети Наум е изграден на висока карпа, над самото Охридско Езеро, на најјужната негова точка, во една месност со ретка природна убавина. Подигањето на овој манастир е сврзано со името на Наум, Климентовиот соработник. Наум, пред крајот на својот живот, го основал манастирот Св. Архангел и во 910 година во него е погребан. Сегашната црква ги носи преправките, и таа имала форма на впишан крст во квадратно пространство со купола, поставена на 4 столбови. Над нартексот е додадена слична купола со висок тамбур. Гробницата на св.Наум е свртена на југ и е посебна градба со широка и ниска купола. Ѕидовите однадвор се од делкан камен , а куполите се градени исклучиво од тули. Западната фасада на денешната црква во горниот дел има форма на калкан кој завршува со запчест венец. Запчестиот венец продолжува на јужната, односно северната страна. Податоците исто така укажуваат дека капелата со гробот на Наум не е современа со обновувањето на црквата во турскиот период. Изгледа дека отпрвин таа на јужната страна имала мало светилиште пандан на тоа од северната страна. Денес карактеристични за манастирот се и преубавите пауни кои се донесени во него, а ги има во изобилство. |