Среда, 11 Септември 2013    PDF Печати Е-пошта
Пештерата Алилица

 

alilica
Отворот
на пештерата Алилица крај Тресонечка Река

На планината Бистра и на длабочина од 590 метри и надморска висина 1450 м.н.в. се наоѓа пештерата Алилица. Алилица е пештера во Македонија во непосредната близина на селото Тресонче. Пештерата е сместена во тешко пристапан предел, во преслап помеѓу планините Бистра и Стогово, веднаш од десната страна на Тресонечка Река, на јужната падина на Бистра позната како Брзовец.

Пештерата се наоѓа на околу 4 километри од Тресонче во средината на планината Бистра, од десната страна на Тресонечка Река на доста непристапен терен. Овој пештерски систем го сочинуваат два пештерски отвора - канала: Долна и Горна Алилица кои меѓу себе се поврзани со вертикален и со кос канал. Овде долината е во форма на клисура и е симетрична. Помеѓу отворите на Долна и Горна Алилица се наоѓа огромен сипар составен од распаднат варовнички материјал. Крајните делови на сипарот достигнуваат до самиот речен тек. Во пошироката околина на овој пештерски систем преовладуваат варовници, чија моќност достигнува неколку стотици метри. Всушност, комплексот Алилица претставува комплексна и сложена пештера која се состои од два континуални канала, што се наоѓаат на различна надморска висина и кос канал што ги поврзува. Неа, ја сочинуваат Долна и Горна Алилица. Долната е подолга и од Горната. Влезот на пештерата Долна Алилица, којашто има елипсовидна форма, се наоѓа под стрмен варовнички отсек во нивото на Тресонечка Река на надморска височина од околу 1.450 метри надморска височина.

Неговата експозиција е јужна. Висината на влезниот отвор е два метри, а ширината е 5,5 метри. На самиот влез се наоѓа ситен речен материјал, песок и чакал, наталожен од Тресонечка Река, што понекогаш го чини влезот целосно непристапен. За Долна Алилица е карактеристичен подземниот воден тек што се среќава по целата должина, со исклучок на почетокот на каналот, додека Горна Алилица е сува пештера. Каналот на Горна Алилица е инверзно наклонет, а на Долна - континуелно кон излезот, што значи дека првиот постепено се спушта кон внатрешноста, а вториот постепено се издига. Во Долна Алилица карактеристични се големи блокови камења урнати од таваницата, така што на дното од каналот се формирани разновидни акумулативни творби, а на таваницата ерозивни творби, кубиња, сводови и др. Во Горна Алилица од акумулативните творби се истакнуваат кади и каскади наредени една до друга. Најголемата има димензии 3 - 2 метри, а висината и е 40 см. И во едната и во другата се среќава наталожен речен материјал, чакал, кој по површината е карбонизиран, неговата дебелина, особено во долниот канал, изнесува 3 метри. Ова упатува на постоење пештерска акумулативна тераса, а и на подземен речен тек во Горна Алилица.

Во Долна Алилица со регресивна ерозија добар дел од чакалите се однесени. Ова укажува и на зголемена механичка ерозија и корозија, што ја врши пред се, подземниот речен тек и водата прокапница, од една страна, а од друга страна, овие акумулативни тераси зборуваат дека и во Горна Алилица постоел посилен подземен водотек. Одводнувањето на планината Бистра во овој дел се врши преку површински водени текови на Тресонечка Река, а и подземно преку подземниот тек на Долна Алилица. Подземниот водотек во Алилица понира на местото кај точката 4, а бидејќи има повеќе извори во ниво на речните текови на Тресонечка Река, спелеолозите во неколку наврати пристапија кон боење на подземната вода. Целта беше да се констатира каде се движи водата од подземниот тек, односно да се утврдат подземните врски и можности за појавување на оваа вода низ околните планински извори. Констатирано е дека овде веројатно има смена на пропустливи и непропустливи карпи, на што укажуваат и големите акумулации чакал во горниот пештерски канал, што значи дека постојат и независни подземни текови и пукнатини во карстот и во планината. Независни подземни текови се јавуваат како резултат на смената на горните карпи во вертикала, така што овде примерот на загатен карст не е карактеристичен. Тој е претставен во пониските делови. Вкупната должина на пештерските канали во системот Алилица изнесува 590 метри.

За пештерата и настанокот на нејзиното име постојат повеќе преданија.

Според првото предание, понапред си бил некој овчар по име Алил, кој во месноста Гуменце си ги чувал овците и шилежињата. Овците оттаму презимувале во солунско, крај реката Галик, а шилежињата останувале во Гуменце. Но, Алил се покажал голем арамија, па ги крадел јагнињата што останувале во планината. Ги колел едно по едно и ги пуштал кон Тресонче по реката, каде ги дочекувала сестра му. Сточарите го забележале, па и него го отепале и го фрлиле во пештерата, што подоцна ја завикале Алилица.

Според второто предание, во старо време си бил некој Алил Паша. Еден ден се враќал од собирање арач (данок), но во близина на пештерата го нападнале арамии. Тој го засолнил азното во пештерата, па според некои кажувања после се вратил и си го земал, а според други, азното сe` уште е некаде во пештерата?!

Според третата легенда, си била некоја Лила која исчезнала. Селаните тргнале да ја бараат и викале: “Ооо, Лилице, ааа Лилице, а-лилице, Алилице!!!” Не се знае дали Лилица некој некогаш ја пронашол.

Извори:

„Geografski razgledi“ (27 издание). Makedonsko geografsko druшtvo 1989.

kralemarko.org.mk/default-mk.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.