Среда, 18 Септември 2013    PDF Печати Е-пошта
Историја на парите во Македонија

Почетокот на монетоковањето на територијата на Р. Македонија датира од крајот на VI век п.н.е кога пајонските заедници почнале да ги издават своите сребрени монети само еден век подоцна од појавата на монетите во светот. Во текот на VI век п.н.е. меѓу заедниците кои ја населувале оваа теорија се издигале владетели коишто, по примерот на малоазиските владетели, почнале да издаваат свои пари, сребрени парчиња со стандардизирана тежина на кои биле втиснати претстави карактеристични за нивната заедница. Во почетокот парите биле користени за купување мир, т.е за плаќање данок на Персијците и за трговија.

zlatna-maska

Златна посмртна маска

На крајот од VI век и во текот на V век п.н.е. племињата кои ги населувале регионите на Пајонија, Македонија и Тракија влегле во своевидна монетарна унија, па нивните пари биле ковани со ист тежински стандард , имале исти номинали и иконографија која е блиска, но сепак со белег на посебност, а била поврзана со нивната религија и со секојдневниот живот. Парите што биле ковани пред 480 година п.н.е. содржат претстави само на аверсната (предната) страна, додека на реверсот (задната страна) е втиснат инкузен квадрат, отпечаток што настанал во самиот процес на нивната изработка. Поголемите номинали најчесто содржат композиции на човек и говедо. Кај деронските и лајајските примероците е прикажано некое локално божество или можеби самиот владетел во кола влечена од говедо. Сонцето, шлемот или растителниот мотив коишто често се дел од аверсната композиција можно е да претставуваат своевидни ковнички знаци.

Македонските племенски заедници биле во тесна врска со пајонските, па некогаш и тешко се разграничуваат едни со други. Меѓу обединувачките претстави кои се јавуваат на монетите е сонцето, кое подоцна ќе прерасне во препознатлив симбол на македонската кралска куќа на Аргеадите.

Во НБРМ се чуваат 180 монети коим биле ковани од пајонските владетели, меѓу кои има исклучително ретки и уникатни примероци. Еден таков примерок е диаболот на пајонскиот владетел Тевтај за кој нема потврда во пишаните извори и единствено оваа монета го потврдува неговото постоење. Покрај Тевтај, уште пет владетели се посведочени единствено преку монети определени како пајонски кнежества и паралелно со познатата пајонска кралска династија која е потврдена во историските извори.

tevtaj

Монета на Тевтај

likej

Монети на Ликеј

Ликеј (с.359/6 – с.340/35 година п.н.е) е првиот пајонски владетел кој ковал свои пари, тетрадрахми, драхми и тетроболи. Мотивите на неговите пари асоцираат на поврзаност со македонската кралска куќа (Ѕевс, борбата на Херакле со немејскиот лав), а аверсната претстава на Аполон, дел од неговите тетрадрахми ги поврзува со ковниците во Олинт Дамастиј.

Во времето на следниот пајонски крал Патрај (340/35-315 година п.н.е) продолжило ковањето на истите номиналии, тетрадрахми, драхми и тетраболи според пајонскиот тежински стандард. Аверсниот тип со претстава на Аполон на аверсната страна на тетрахмите исто така бил задржан од претходниот владетел. На неговите тетрадрахми се познати два типа на реверсни претстави, едната е со глава на коњ, а на другата има претстава на коњаник кој прободува паднат непријател. Особено е интересна аверсната претстава на неговите драхми и тетраболи каде што е представен млад маж со тенија на главата, за кој се смета дека е портрет на самиот владетел.

Историјата на македонското кралско ковништво започнува со Александар I Филхелен (498-454 година п.н.е). Имено, по повлекувањето на Персијците, околу 480 година п.н.е. започнало политичкото анектирање на областите Крестонија, Бизалтија и Мигдонија кон Македонија. Во регионот што го населувале Бизалтите се наоѓала планината Дисорон позната по своите богати рудници од кои, според Херодот, Александар I добивал по еден талант сребро дневно (околу 26 кг). Пред 480 година п.н.е. заедницата на Бизалтите издавала свои монети чии претстави останале исти со нивното влегување во Македонското Кралство, така што практично овие монети, на чија реверсна страна било додадено името на Александар, претставувале негови први парични изданија.

Покрај поголемите номинали, во периодот помеѓу 476/75 и 460 година п.н.е Александар емитувал октооболи и тетроболи, обележани со буквите А и Н. Овој македонски паричен систем бил заснован врз феникискиот тежински стандард, односно бил негова редуцирана варијанта. За време на своето владеење Пердика II водел мудра и флексибилна политика и склучувал сојузи во зависност од политичката ситуација, со што успеал да го зачува територијалниот интегритет на неговото кралство. Ковал само сребрени монети со помали номинални вредности – тешки и лесни тетраболи, диоболи и оболи можеби заради недостатокот од сребро со кој се соочувал, но и заради потребата од поголема монетаризација на неговата економија. Неговите тетроболи и диоболи имаат иста иконографија како монетите на неговиот татко, но на оболите на Пердика II за првпат бил претставен Херакле, митскиот предок на Македонците.

Наследникот на Пердика II, кралот Архелај (413-399 година п.н.е) ја претворил Македонија во значајна економска сила во поширокиот регион. Во историјата е запаметен како голем градител и реформатор кој, меѓу другото ја преселил македонската престолнина од Ајга во Пела и организирал македонски олимписки игри во Дион, бидејќи на варварите им било забрането учество на хеленските олимписки игри. Во однос на неговата монетарна политика, Архелај останал забележан заради реформата со која бил променет дотогашниот тежински стандард, односно за основа на паричниот систем бил прифатен т.н. лидиско персиски стандард, но со локални карактеристики. Покрај тоа, повторно биле воведени големи номинали во сребро коишто требало да ги задоволат потребите на надворешната трговија. За потребите на локалниот пазар биле ковани поситни сребрени номинали, како и бронзени пари коишто за првпат биле воведени во употреба 400 година п.н.е. Се чини дека иконографијата на парите ја отсликува потребата на Архелај да го истакне своето аргеадско потекло.

stater

Статер

Очигледноста на оваа намера е забележлива преку изразеното присуство на претставата на Херакле, како и претставата на волкот што требало да алудира на легендата за основањето на градот Арг. Во времето на Филип II Македонски Македонија станала најмоќна држава. По неговото доаѓање на власт започнало ковањето на Филиповите сребрени пари во Пела. Со монетарната реформа којашто била спроведена во 345година п.н.е. Филип II првпат во монетарната историја на Македонија вовел златна номинала. Златниот статер бил кован во истите ковници во кои биле произведувани сребрените пари, а заради флексибилност на монетарниот систем биле издавани и неговите фракции: ½, ¼, 1/8 и 1/12 од статерот. За статерите бил користен атичкиот тежински стандард, додека за тертадрахмите локалниот македонски тежински стандард. Паричниот систем на Филип II бил триметален, па покрај статерите и тетрадрахмите во Пела и Амфилон веројатно биле ковани и неговите бронзени пари. Сите тие продолжиле да бидат ковани во негово име долго време по неговата смрт. По смртта на Филип II, на престолот дошол неговиот син Александар III Македонски еден од најголемите и најхаризматичните војсководители во историјата на човештвото. Во текот на своето владеење успеал да ја прошири територијата на Македонија од Египет до Индија и на тој огромен простор во циркулација биле неговите златни, сребрени и бронзени пари кои се ковале во триесетина ковници низ целата Империја. Моќта на Александар Македонски, како и високата чистота на металот од кој биле ковани неговите пари условиле овие монети да станат општоприфатено меѓународно платежно средство. Паричниот систем на Македонската Империја во овој период се засновал врз атичкиот систем. Златни деноминации биле дистатер, статер, ½, ¼ и 1/8 статер, а сребрени биле декадрахми, тетрадрахми, дидрахми, драхми, половина драхма, диобол, обол и половина обол а било интензивирано и ковањето бронзени монети.На аверсната страна на неговите тетрадрахми е претставен Херакле, а на реверсот врховниот бог, за кој е прифатено дека го претставува Ѕевс.

По поразот на македонците во 168г пр.н.е државата била ставена под римски протекторат и поделена на четири области. Рудниците од кои се добивала златна и сребрена руда биле затворени и со таа мерка монетоковањето било значително редуцирано. Монетите кои биле емитувани во име на градовите претставуваат вообичаен тип на римското провинциско монетоковање. Тие најчесто биле ковани во бронза и се употребувале локално па на територијата на РМ меѓу I и III век во циркулација биле монетите на градовите од провинцијата Македонија, Амфипол, Бероја, Едеса, Тесалоника, муникипиумот Стоби, колониите Касандреја, Дион, Пела и Филипини. Меѓу мноштвото градови кои во римскиот империјален период добиле дозвола да издаваат пари на територијата на Р.М. денес се наоѓа единствено Стоби. Во римскиот период Стоби бил најголем град во провинцијата Македонија Салутарис и во него постоела римска заедница за чие значење зборува и добивањето муникипијален статус во 69 г. Овој статус овозможил на градот ковање сопствени бронзени монети коешто започнало на крајот на I век и траело до 217 г .

lesen-tetrabol

Лесен тетробол

Со паѓањето на Македонија под власт на Римјаните покрај провинциските монети во првата половина на I век п.н.е. во циркулацијата на територијата на Република Македонија влегол и римскиот денар.

Денарот е сребрена монета која Римската Република била воведена во оптек околу 211 година п.н.е. Името потекнува од лат. Deni по десет што ја означувало неговата првобитна вредност од 10 аса која на дел од денарите е означена со ознака Х. Според оваа номинала е именувана и денешната македонска валута.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.