Среда, 18 Септември 2013    PDF Печати Е-пошта
Македонски артефакти (4 дел)

artefakti1

„Македонија е постојана населена територија во Европа од 6.620 година п.н.е“,[1] и претставува јадро на најстарата светска цивилизација, која со плејада македонски умови  и “со своите цивилизациски вредности, култура, писмо, јазик“[2] ја облагородува Европа.

Македонија, благодарение на автентичниот еднороден народ “во неолитот имала свое организирано автохтоно еднородно население, со длабоки корени во најдалечното минато“[3] и била ”место на многубројни еднородни кралства“.[4]

Пелазгиските гранки на народите Анти, Венети и Древномакедонци, биле познати градители на Европа, Азија, и Северна Африка и културно го облагородиле тогашниот свет, а од таму и термините-Античка култура, “Антички свет..., кои ја изградиле Вавилонската кула“,[5] која претставувала симбол на култот кон сонцето кон универзумот и го носела името Зигура, со значење на древномакедонски Ѕвездена, и на современ македонски со исто значење Си-гура пат кон ѕвездите, и спаѓа во седумте светски чуда.

Хомер (IX век п.н.е) споменува Ематија (Матија) име за Македонија, и вели ”Македонецот Tukidid, не ги користел етниконите и на други народи“, македонецот Stefan од Бизант запишал ”Матија прво име на Македонија“, лингвистот Autenrieth, што го дал првиот речник на Хомеровите зборови (глоси) вели “Ематија е античко име за Македонија“, T. Livius вели ,,пред појавата на името Матија, територијата на Македонија била нарекувана Пеонија“, во античкиот  период имаат древномакедонска лексичка форма, етимологија и карактер.

Легендарниот древномакедонец Хомер (Homer) заслужува особено внимание, бидејќи своето епохално дело „Илијада“ (Iliad) го напишал на Пелазгиско-Античко-Венетско-Древномакедонски јазик, каде дава драгоцени податоци за древномакедонската популација која оставила свои неизбришливи вредности во развојот и осовременувањето на тогашниот свет во најширока смисла на зборот, основајќи ја првата прочуена Егејска култура во Европа и светот, што покажува  дака древномакедонците ги поставуваат и темелите на светската цивилизација.

Современата македонска наука за етимолошкото толкување на “епосот Хомеров „Илијада“ зборува дека терминот Илијада е од изворно Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонско-Словенски зборови, од коренот ‘Илиј’ со значење ‘Сонце“[6] и придавката ‘ада’ со значење ‘земја’ заедно ‘Сончева земја’ со исто значење и во современиот македонски литературен јазик, затоа Сонцето денес за современите македонци е симбол за етногенородот и потврда за идентитетот македонски во ‘Сончевата земја’ Македонија, со артефакт 8 крако сонце старо 4.000 години најдено на карпа во Кратовско, а денес симбол на државното знаме на Република Македонија.

Стотици лингвисти од целиот свет научно докажуваат дека прасловенскиот јазик е протословенски, односно древномакедонско-пелазгиски, а”феникијско-етрурското писмо во целост е идентично со древномакедонското-пелазгиското фонетско (гласовно) писмо“,[7] за што Diodorus вели ”соларно-космографската оставштина, епиграфско-нумизматичките извори, древната митологија, древната религија и легендите се пишувани на пелазгиски јазик“,[8] односно древномакедонскиот.

Со пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо се служел Македонецот Хомер и неговиот учител Пронапид, поради што поемата „Илијада“ обилува со зборови кои денес во современиот литературен македонски јазик живо егзистираат во своите архаизми,  древните историчари Тамир и Лин пишувале на истото писмо и јазик, а  и сета древна митологија од тлото на Македонија била напишана на фонетско (гласовно) пелазгиско-древномакедонско писмо и јазик.

Словените како етногенородни потомци на Пелазгиско-Древномакедонската етнија и во јазична смисла биле поврзани, од каде во подоцнежен период пелазгиско-древномакедонскиот јазик добива име илирски или словенски јазик со ”пелазгиско-древномакедонски фонетски (гласовен) систем на писмо од знаци со “црти и рески” факт кој го потврдуваат историчарите Tacitus и Diodorus констатирајќи дека творци биле Венетите (Феникијците)“,[9] но зачудува и фактот дека денес во Македонија постои лингвистички и друг доказен материјал  стар најмалку 25 000 години кој претставува идентична основа на современото македонско писмо и јазик, што го содржи кодот за дешифрирање на минатото, и токму тоа денес го чинат  современите македонски научни дејци Аристотел Тентов и Томе Бошевски.

Познатите авторитети Ramberti; Fresne-Canay; Lichtensten; Nelezschitz; Burnoff; Hammond, со одбрани зборови го величат древномакедонското царство,  додека  името Тракија Herodoth  и други го третираат како географски, а не етнички поим, бидејќи на целиот тој простор живеело еднородно древномакедонско население од родот на Венети, Анти и Пелазги.

Откриените наоди на македонско тло од времето на неолитот зборуваат за: македонска форма на државно уредување наречено зетување (организиран систем на најстар светски облик на државно уредување); јазични (фонетски) и знаковни (графиски) натписи, ”македонско автохтоно население со длабоко регистрирани корени во најдалечното минато“,[10] и артефактот керамички печат од 6.000-та година п.н.е. најден во село Говрлево - Скопско и денес на територија на Р. Македонија, каде е пронајден натписот “Сл с Бо с`м”, што значи “сал со Бога сум” - со истото значење и денес во современиот македонски јазик кој укажува на државност со свој печат, свое писмо и свој јазик...

Античките наративни извори можат да се потврдат со артефакт oд тлото на Македонија, за што пример е натписот од селото Осенчани од периодот помеѓу 7-от и 6-от милениум п.н.е. каде стои: “Еа зет е Трак”, што значи “Овој зет е Тракиец” и укажува дека Пелазгите, Антите, Венетите, Древномакедонците, Бригите, Мизите, Пајонците, Пелагонците, Илирите, Траките, Дарданите, Трибалите, Сарматите... И уште повеќе од дваесетина истородни еднојазични групи биле нарекувани со заедничко име Македонци.

Државата Мaкедонија е посведочена на артефакт од македонскиот археолошки локалитет село Градешница, периодот од 5.862-та година п.н.е. каде “Зетот Пир Македонски” се титулирал (назначувал) со назив кој читан од десно на лево, начин на кој пишувале и читале древномакедонците што покажува дека македонското фонетско (гласово) писмо од раниот неолит значајно не се разликува од денешното современо македонско писмо, така наречено ,,кирилично” туку е осовременето од Св. Кирил и Методија и егзистира како во Македонија исто така и кај останатите древномакедонски народи во VI-от век од н.е. преименувани во Склавини (Робови), кованица (измислица) за Словени со толку навредливо име.

БЛАГОЈ ТРАЈКОВ

[1] R.J.Rodden. Proceedings Prehistory Soc.,28.1962.p.267

[2] Prof.d-r Harald Haarman, Early civilization and literacy in Europe –edit.: Mouton de Gruyter-Berlin-New York, 1996

[3] Fritz M. Heichrlheim A. Yeo, History… p. 480

[4] Prof. Harold Albert Lamb. Alexander of Macedon: The Journey world,s , New York, 1946

[5] F. Sebastiano Dolci, De Illyricae vetustate et amplitudine, Venetis, MDCCL, во,, Desertatio historiko-chronologico-critica’’ , Venice , 1754.p.IX.

[6] Херодотова историја...,т. I, стр. 419.

[7] Diod., Siculi, Lib.V.p.7

Tacit, Anallji. Lib.XII.p.14

[8] Diod., Siculi, Lib.III.p.67,4.

[9] Васил Иљов, Нови сознанија за писменоста..., 84.

[10] Fritz M. Hichrlheim and Cedric A. Yeo, History…, p. 480.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.