|
||||
Приказна за богот Македон |
Древните народи живеат со легендите за луѓето, боговите и природните сили. Има ли народ во светот што името со милениуми си го носи по својот бог Македон? Тоа се само Македонците, државата Македонија, царот на светот Александар Македонски, имињата Македонка, Дона-Донка во песните. Од каде ни е името на богот, народот, државата? Се знае. Од древнина, од самото постоење на буквата “е” пред Аполоновите светилишта, од “МА” - Големата Мајка - Македонија, славена со неолитски артефакти, статуи, фрески слики од Македонки низ историјата. Ако Големата Мајка толку се почитува низ Македонија, можеби по неа го добивме името, ако и таа не го родила Македон, трајно да ни стане родоначалник, патрон, заштитник именик. Во митолошките сфери се објаснува дека татко на Македон и Скит е самиот врховен бог Ѕевс што од небото ги ѕиркал најубавите жени и со нив оставил бројно поотомство на богови и божества, што се здале во заштита на Македонија, по примерот на Македон. Богот по своето име ја нарекол земјата Македонија. Таа традиција ја презеле македонските цареви и по свое име ги нарекувале градовите како Филипи, Александрии, Константинопол, Јустинијана, Марков град, Самоилова тврдина, Аполонии, Хераклеи, до Гоце Делчев, Сандански и други. Само Македон го дал името за цела Македонија, за сите Македонци и сите градови со царски имиња. Постојат и други толкувања за нашето име. Тоа било од низини, од дно меѓу планини и пак се поврзува со името Маке-дон, Посеј-дон, Тихи Дон, како дно на земјата, морето и еките. Други мислат, името дошло од изгледот на Македонците, високи, стројни, здрави луѓе као храстови од планините и полињата. Во секој случај Македон го дал своето име на Македонците и ја одредил сличноста на боговите со кралевите и со луѓето. Македон ни се претставува како стар, мудар бог кој што бдее над Македонија од височините на црквите. Ликот на Александар се претставува како Аполон; млад, светол, убав, моќен и лиричен. Филип личи на Херакло, тој е воин, херој, жесток борец во одбрана на Македонија. Такви се и многубројните македонски цареви слични по изглед, симболи и оружје јавнати на коњи како Александар, Самоил, Марко Крале, Делјан и Ангелите во небеските одреди на фреските низ Македонија. Тоа духот на Македон се појавува како всаден боговечен дух и кај обичните луѓе што го слават на пролет како Ксантика – празник на цвеќето, мартинките, победите. Богот Македон се вљубил во Ксантика и ја барал меѓу расцутените дрвја и цвеќиња што се претворале во плодородие, а народот се веселел со пеење, пиење, со црвено-белата боја и летните зраци на сонцето што останале на знамињата и везењето до денешни дни. Во спомен на Македон, Македонците носат имиња и презимиња. Не е случајно што Жан Митрев своето CD го нарече „Биди свој... Биди Македон“ или името “Македон” – фирма за бетон на Ниче низ која се изразува цврстината на Македонците верни на богот Македон. Ангелина Маркус |