Среда, 28 Август 2024    PDF Печати Е-пошта
Поречкиот Манастир „Раѓање на Пресвета Богородица“

porecki-manastir

Се наоѓа над селото Горни Манастирец, во близина на Македонски Брод, во областа, што се наоѓа по средниот тек на реката Треска. За време на турското владеење во Македонија, овој манастир бил запален, но нема точни податоци кога се случило тоа. На иницијатива на поп Костадин од селото Грешница, селаните го испратиле поп Димитрија во Цариград да побара одобрение од султанот за повторна изградба на манастирот. Со дозвола на султанот, месното население, со доброволна работа и средства, повторно го изградиле овој манастир во 1846 година. Потоа е отворено и првото училиште во овој крај во кое доаѓале ученици од повеќе поречки села. Учители биле црковните свештеници. Манастирот станал културен центар во овој крај.

Од тој период е конакот што се наоѓа на југоисточната страна, тој на јужната страна е изграден во почетокот на ХХ век, додека на 22 јули 2007 година, од страна на Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј и Митрополитот Струмички г. Наум, се освети новоизградениот конак, кој се наоѓа на источната страна.

Манастирот бил значаен духовен и книжевен црковен центар во минатото.

Најновите научни истражувања сведочат дека овој манастир не е од 19-ти век, како што досега се мислеше, туку тој датира од 12-от век, ако не и порано. Историчарот Иван Снегаров, запишал дека „нема никакви сведоштва за времето кога бил основан, но селото Манастирец, како и соседното село Калуѓерец, кои постоеле во 14-от век, говорат за неговата ста­рост. Не може селото да се викало Манастирец, а да немало претходно манастир, ниту Калуѓерец, а да немало калуѓери.

Манас­тир­ската црква е градена од камен и од свежо гасена вар, а фрес­коживописот е работен со природни бои и со жолчка од јајце. Во однос на архитектурата, се смета дека од првобитната градба на манастирот е останата само црквата со јужниот параклис и нартексот. Надво­реш­ниот дел на храмот е со архитектонски изглед кој е духовно привлечен.

Во храмот има живопис од два периода, од 12. и од 19. век. Првиот и најстариот е од времето кога е подигната и црквата, најверојатно од 12. век или порано. Овие фрески своевремено пострадале, па затоа дошло до ново живопи­су­вање во 19. век. Импозантниот фрескоживопис од постсветиклиментовиот период го вместува овој манастир во значајните споменици. Манастир­ската црква ја красат преуба­вите сочувани фрагменти, кои зборуваат за недостижната уметничка убавина. Разнобојните фреско-остатоци ги има и во наосот, а и во олтарната апсида. Откако е симнат горниот слој на фрески, кои се од 19. век, јасно се виделе фреските од 12. век, кои зрачат со убавината на средновековната уметност.

На западната страна, над западната врата, се распростира на цел ѕид огромна фреска со претставени сцени од Страшниот суд. Најгоре, во среди­ната, е поставен ангел со отворена книга. Лево и десно од него се два ангела со труби. Под нив се наоѓаат есхатолошки фрескопрестави од воскресенито на мртвите. Тие сцени се поделени на два дела: на едната страна се оние што воскрес­ну­ваат од земјата и со нив е Спасителот како Цар на земјата, а од другата стра­на е како Цар на морето. Таму се нацртани разни риби и морски животни од чии усти излегуваат луѓе или делови од човечки тела на оние што се уда­виле во водите и биле изедени од рибите и од водните животни. Нив ги враќа мор­скиот свет од водата, заради воскресението. Со рибите е прикажан и октопод со човечка рака во устата. Бог е претставен како Праведен Судија, Владетел и Цар на живо­тот и смртта, Воскресител и Спасител. На јужниот ѕид била прика­жана немирната атмосфера на пеколот изделена во рамки (сочувана тешко видлива претстава на Жената што спиела во неделите и Мерењето на души­те), а на северниот, блажен­ст­вото и мирот на рајот, од кој е сочуван само ликот на праведен Авраам. Прет­ставата на Страш­ниот суд во западниот дел на црквата е силен печат за дог­мата за Второто доаѓање на Христос на зем­јата, за патиштата на праведните и казните што ќе ги стигнат престап­ниците и неверните...

ЦркваРождествонаПресветаБогородица - ГорниМанастирец.

Главната манастриска црква која е единствена во комплексот е посветена на Рождеството на Пресвета Богородица. До скоро се сметало дека манастирот потекнува од 18 век, но Според Републичкиот завод за заштита на спомениците, тука се најдени фрески кои потекнуваат од 11 до 13 век, кој претставува нов момент за значењето на манастирот од историски аспект.

Поречкиот манастир во средновековието претставувал книжевен и просветен центар во Порече и пошироко. Таму учените монаси пишувале и препишувале книги со библиска и богослужбена содржина, како и преводи на некои светоотечки дела, слова и поуки. Оттаму биле снабдувани со богослужбени книги и со друга потребна литература и селските цркви во педесетината села низ Порече. Преданието сведочи дека 40 коњски товари со книги се однесени од манастирот кон Цариград. Каде завршило тоа книжевно богатство, не се знае.

Како потврда за книжевното богатство на манастирот и на Порече, може да послужат и четирите најзначајни сведоци пронајдени во овој крај:

  • Празниченминеј на дјак Добре од село Калуѓерец, ракопис од 14-ти век, пишуван во периодот од 1371-1395 година;
  • Поречкоточетвороевангелие, од средината на 16-от век;
  • Поречкиотоктоих - петогласник, од 15-16 век;
  • Бенческочетвороевангелие од 16-от век, од селото Бенче.

Во овој Поречки манастир, бегајќи од безбожничкиот режим на Совет­ска Русија, во 1917 година нашле прибежиште 20 руски монаси. Последниот од нив бил јеромонах Инокентиј.

Манстирот се посведочил како книжевен и просветен центар и во поново време. Од 1947 до 1957 година, во конаците на манастирот, работело основно училиште, во кое со образование се здобиле над 850 деца од Поречието. Но и претходно, во 18-от и 19-от век и во времето на преродбата и просвети­телство, во манас­тир­ските конаци работело ќелијно училиште, во кое монасите, како први наши учители, ги образувале и воспитувале децата.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.