|
||||
Приказна за Ахил |
АХИЛЕ, ДЕТЕ МОЕ МИЛО, РАСНИ И ПОРАСНИ, ЈУНАК ДА СЕ СТОРИШ, ЗА ГОРДОСТ НА МАКЕДОНИЈА. Мирмидонците, славно племе од Македонија, беше си имале крал по име Пелеј со царски двор во Фтија. Откако младиот крал и фрлил око на една од Нереидите - Тетида, богинка на морињата, беше ја грабнал од изворот каде што се капела со другарките. Потоа направил царска свадба со бегалката за која добил благослов и подароци од боговите, музите и народот. Оттогаш и денеска постои обичај во Македонија момчиња да си земаат невеста бегалка за да се сродат и помират фамилиите. Од бракот на Пелеј и Тетида се родил Ахил, најбрзиот човек во светот. Мајка му го избањала во една света река за да добие бесмртност, заборавајќи во водата да ја потопи и петицата за која што го држела. Така Ахиловата петица останала негова слаба точка и ја задржала смртноста. Ахил растел и се воспитувал според македонските кралски обичаи, со кралски другари и придружба во учењето, игрите и борбите. Исто така, растел и учел и Александар во Пела. Судбината на Ахил се сврзала со тие настани уште на свадбата на Пелеј кога Ерида ги скарал богинките, фрлајќи златно јаболко за најубавата. Парис или Александар, принцот од Илион или Троја ја избрал Афродита за најубава меѓу убавите. Таа пак му ја ветила за жена Елена, сорпугата на кралот Менелај од Микена, којашто Парис ја грабнал. Тогаш пред портите на светиот сончев град Илион пристигнале силни војски за десетгодишната борба како што се опишани во Илијадата. Рушењето на градовите, пленот, убиствата, палењето, не стивнуваат и до денес, на истите места и со истите народи. Микенските кралеви Менелај и Агамемнон ги собрале корабите и војските за да ја вратат Елена, ќерката на Лета и сестра на Диоскурите. Ахил се судрил со Микенците од морални причини при поделбата на пленот. Микенската војска се разболела од колера, а лутиот Ахил не попуштал. Тој не сакајќи да се бори, му ја дал својата воена опрема на својот најверен другар Патрокло. Хектор го убил Патрокла и му ја одзел Ахиловата опрема: штитот, шлемот, копјето и градникот што Хефест ги исковал за сончевиот син, исти кај сите борци. Кога Ахил разбрал за смртта на својот најдобар другар и врсник отрчал без опрема на боиштето и толку силно рикнал од болка што сите се разбегале. Тоа била истата болка како онаа кога Гилгамеш го изгубил својот пријател Енгиду. Така војните ни даваат материјал за убави епови, опишувајќи ги силните херои. Во Илијадата преку Ахил се кршат сите дилеми и со него се поврзани сите жртви. Уште кога се родил се знаело дека ќе има краток и славен век. Стрелата го погодила Ахила во петицата. Не му помогнала ниту снагата, ниту брзината, ниту борбата за етичките принципи. Воената опрема на Ахил и Александар била иста како и нивната судбина. И двајцата биле синови на сончеви народи. И двајцата се украсуваа со шеснаесеткракото сонце на градите и со менада на македонскиот штит. Ангелина Маркус |