|
||||
Македонски артефакти (9 дел) |
„Tесалоника е метропола на Македонија и граматикот Хиеракле неа ја стави во македонските градови, а името го добива од Филип, синот на Аминта, „истото име од ќерка му го стави и на градот“, каде термините Македонец и Македонски народ е употребен во етничка смисла како засебен етнос, и „градот Солун е освоен, метрополата на Македонците“,[1] за што византискиот император Constantino Porfirogenit [2] вели “Tесалонике, е дел од Македонија“. Од пишани сведоштва се дознава дека во Македонија постоеле голем број населени места со древномакедонска топонимија се` до XX век од н.е. македонската етнија се трудела да сочува сé што можела да сочува и подоцна употреби за обнова на Македонија, оттука, оправданоста на констатациите дака се користени камени блокови за градба од постари милениумски периоди, имено, врз старите темели се граделе нови урбани средини, поради што Македонија претставува светска ризница со неколку слоеви исконски сведоштва од изминатите епохи на светското цивилизациско суштествување. Во Европа гласолошките и семантичките елементи на праевропскиот (палеопелазгиски) јазик,[3] го сочинуваат супстратот на древномакедонскиот и современомакедонскиот јазик, но постојат и други артефакти кои го потврдуваат Пелазгиско-Античко-Венетско-Македонскиот карактер од областите на историјата; митологијата; полиетизмот; пантеонот; топографијата; хидронимијата; топонимијата; монетите; книжевноста; културата; уметноста; спорто-олимпизмот; дозволете да напоменеме дека “Oлимписките игри прв пат биле организирани во Македонија, во 778-та година пред Христа“[4] такашто сé докажува дека во Македонија суштествувала еднородна и еднојазична популација, чии особености и денес ги носат нејзините потомци(современите Македонци) но и другите таканаречени односно преименувани словенски групи на народи во VI век од н.е. Денес заслужува високо внимание македонскиот и светски истражувач на карпатската уметност во Македонија Душко Алексовски, со своите наоди меѓу кои и 400 крстови стари повеќе од 4.000 години, такашто и македонските сведоштва од рано-христијанските мозаични базилики го прикажуваат симболичниот начин на уметничкото обликување на библиските содржини и всушност претставуваат христијански македонски изворно-уметнички студии со хуманистички карактеристики, низ една високо развиена духовно-културна и уметничко-мисловна форма на технолошки процеси целосно да се промени општествениот поредок на Римската и Византиската империја. Константин Филозоф светиот Кирил со изјавата пред фулскиот народ вели: ’Хелените појдоа на вечна мака, на небото и на земјата се поклонуваат како на Бог...’ зборувајќи во трето лице множина, што е доказ за неговото нехеленско потекло, во 904-а година од н.е. и Македонецот Јован Каменијат (861-934 н.е.) вели: ’Солун...е најголем град на Македонцитe’ или „Солун е голем и многунаселен град, кој му припаѓа на македонскиот народ...“,[5] а географот и историчар Страбо зборува за Олимп дека е највисоката планина во Македонија... и Herodot кој зборува за македонските цареви, ги ословува со етниконот ‘Македонец’, ’Македонци ’, ‘Македонски’ и Plutarh во сите негови дела ги употребува истите термини, атинскиот говорник Demosten во неговите филипики (фilipiki) манифестира невидена омраза, нетрпеливост, одбојност кон Македонците, сметајќи ги за непријателски род... Плејада светски научни авторитети, со својата истражувачка работа, објективно, аргументирано, суверено, без предрасуди, калкулации, шпекулации, нарачки и искривувања на вистината, веродостојно ја имаат елаборирано поврзаноста помеѓу етногенородните браќа по род Древномакедонците и современите Македонци, кои и денес суштествено егзистираат само на мал дел од сопствената етничка територија Македонија, и граничат со самите себе како народ македонски во држава Република Македонија. Македонската интелeгенција инспирирана од слободната мисла и мудрост во континуитет ја иницира и наговестува ренесансата, и подоцна зачетокот на романтизмот во сликарството, со фреската оплакување на Исус во Св. Пантелејмон, село г. Нерези, скопско Р. Македонија, со што е прикажана слика за верата и верникот, низ превезот на религиозното со Висока смисла за хумано, праведно и совршено општество. Писмото на Пелазгите, Антите, Венетите и Древномакедонците наречено “црти и рецки” и древниот јазик наречен “Коине” на современиот македонски јазик е со исто значење “Коине”[6], своевремено било збир од повеќе дијалекти својствено со кои се служеле претходно наведените етногенородни народи, употребуван како универзален јазик (Есперанто) кој подоцна бил назначен за светски службен јазик од македонскиот цар Александар III Македонски (336-323 п.н.е.), а лингвистичката поврзаност на древномакедонските “глоси” (зборови) се сочувани и во современиот македонски јазик[7], кое го потврдува или претставува македонскиот истражувач Илија Чашуле откривајќи ги “глаголите-бара, се вика, врне, види, турне, урне, `рѓа, гази, брка, именките-шака, гурелка, бара, чука, легуш, прилогот-оломнани, честичката-ле, суфиксот-мина, и кај многу именки-петмина, десетмина, стомина, тристамина”, и мноштво зборови исти или слични со лексичките форми во современиот македонски јазик открил и македонскиот историчар Александар Донски. До науката се поставуваат следните прашања: -дали и на кој јазик и писмо комуницирале народите Пелазги, Анти, Венети и Древномакедонци, до Набукодоносор кралот на Венетите (604–562 п.н.е.) од Вавилон? -дали Феникијците се служеле со древномакедонско писмо и јазик? -дали Хомер и неговите современици пишувале на пелазгиско-древномакедонски јазик и писмо? -колку е старо древно- македонското фонетско (гласово) писмо и јазик? -дали древно-македонското и современо-македонското писмо и јазик се едно исто? -дали е постара азбуката кирилица, азбуката глаголица или азбуката латиница? -дали кирилицата е приспособена од “грчко” писмо и јазик? -дали јазикот Коине е древномакедонски есперанто? -дали “латиницата” е приспособена кованица од древномакедонско писмо? -дали народите примајќи го христијанството се служеле со ”латинско” и ”грчкo” писмо? -дали ”латинските букви” биле тајно македонско писмо? -дали Македонците пишуваат на мајчин јазик со ”грчки” букви? -дали ”грчкото писмо и јазик” се варијантна кованица на македонското писмо и јазик? -дали кирилицата е создадена пред глаголицата? -дали знаците блиски до кирилицата биле пренесувани во глаголицата или обратно? -дали азбуките биле воопшто пренесувани или усовршувани? -дали Св. Кирил и Методиј го осовремениле древномакедонското писмо и јазик? -дали Св.Климент во својот опус настапил со глаголица или кирилица? -дали Св. Климент ја престилизирал глаголицата од аглеста во обла азбука? -дали Св. Наум пишувал со кирилско или глаголско писмо? -дали кирилицата низ Охридската школа продолжува да егзистира преку поп Богомил во X век и се до XV-XVI век кај босанските Богомилски текстови со древномакедонски архаизми? -дали глаголицата кирилицата и латиницата се надградба на древномакедонското писмо? -дали со кириличното писмо и јазик се служи македонскиот современ литературен јазик? Климентовиот универзитет во Охрид со своите 3.500 ученици и подоцна Кратовската книжевно-просветителско-препишувачка школа и дејност, застапуваат древномакедонски традиционални глаголско-писмени и јазично-ракописни архаични карактеристики, кои биле во употреба сé до почетоците на современиот литературен македонски јазик во XIX век со нормирани основи и карактеристики од книжевно- говорно-јазичните локалитети во Македонија, кои потврдно покажуваат високо рамниште на разгранета и континуирана дејност, со категорично означени локации што го сочинуваат и фондот на примероци: -Болоњскиот псалтир, Кирилски споменик XIII век, создаден во Охрид Р. Македонија. -Охридскиот апостол XIII век, најден во Охрид Р. Македонија. -ракопис XIV век, село Орбеле-дебарско Р. Македонија. -ракопис XIII век, село Орбеле-дебарско Р. Македонија. -Битолски триод XII век, село Вапа дебарско Р. Македонија. -Цветен триод XIII век, село Слепче-демирхисарско Р. Македонија. -Евангелие XV век, село Слепче-демирхисарско Р. Македонија. -Добромирово евангелие од поп Добромир XII век Р. Македонија. -Оливеровиот минеј 1342 година препишан од Станислав Р. Македонија. -препишан минеј село Калуѓерец порече Р. Македонија. -Лесновскиот паренесис 1353 година препишан од монах Тахота Р. Македонија. -Апостол Ирмологиј и евангелие Карпински манастир XIII век. Ова продуктивно наследство за кое знаеме и останатото скриено во светските трезори од книжевните споменици и од македонска провениенција се цврста канонска поврзаност низ македонската писменост и граматичкиот опис на древномакедонскиот јазик, со карактеристики да помогне за реконструкција на најстари видови наоди од македонско потекло и светската писменост воопшто. БЛАГОЈ ТРАЈКОВ[1] Ј.P. Migne, Ephraimi Cronologieci caesares, P.G 143, Paris, 1891, p. 198. [2] Constantino Porfirogenit, De thematibus, studie e testi, 160,Citta del Vatikano, 1952, pp. 88-89 [3] V.Thomsen, sur la parente de la langue etrusque.Copenhagen, 1954.p188 [4] D-r Synthia S, Slawikowski, Sport and Culture… p.71 [5] Teodorit Kirski 393-466 година, н.е. [6] Наде Проева, Студии..., 22. [7] Д-р Ристо Ивановски, На Балканот..., 14. Д-р Ристо Ивановски, Потомците на Пелазгите во:“Македонско време”(Скопје), год.4,: бр.34, јули 1997, 42.и 49 и 69. |