Среда, 30 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Приказна за Александар и Букефал

aleksandar-i-bukefalВо тоа лето во Пела во царските палати на Македонците под силни небески огнови се родил Александар, миленикот на боговите, на царевите, на фалангата, македонскиот народ, а подоцна станал миленик на целиот свет. Тоа дете растело за среќа на сите како ремек дело на човечко суштество, за да стане најславниот човек што го дал човечкиот род.

Тоа дете имало од кого да учи, да научи и да знае сè за светот и човекот. Го опкружувале традициите на претците, на долга листа наследни царства, војни, историја, искуствата опишани во Илијадата. Така спиел, растел, сонувал Александар и го освојувал светот со своите врсници, царски другари, генерација. Тоа беа: Клито, Неарх, Птоломеј, Хефестион, Филота, школите, учителите, филозофите, уметниците и најмногу од сè строгата личност на

Аристотел, сите заедно влијаеле на младиот принц.

Сепак Александар во душата бил дете како и секое друго. Тоа се потврдило оној ден на стадионот во Пела кога се сретнале Александар и Букефал и од тогаш станале најславен коњаник и најславен коњ до денешните дни.

Своеглавоста и нескротливата сила на Букефал силно го одушевила Александра. Коњот не се предавал, се кревал на двете нозе, клоцал,’ ржел и ги соборувал на земја сите јавачи што му се доближувале.

Филип се договарал за судбината на коњот: да се погуби или да се проба да му се скрши силата со изгладнување. Кога коњот бил затворен без вода и

храна Александар се искрал и тргнал на запознавање на таа грдотија од снага на коњот. Се соочил со него. Дванаесетгодишното дете со своето мало раче му дало трева, го заранило и коњот го прифатил со топлиот здив, Александар се испотил, си ја размениле топлината. Секој ден коњот ги чулел ушите, ги ширел ноздрите, ја тресел гривата и гребел со нозете. Александар му подавал во едната дланка трева, во другата вода. Се стекнале со меѓусебна доверба.

Генералите на Филип II се плашеле за своите глави, да не му се случи нешто на принцот од тој див коњ.

На стадионот се повторувала здивената сцена. Букефал рипал и на својата сопствена сенка. Никој не можел да му се доближИ, а кога сите се откажале Александар го замолил Филип за дозвола и тој да се проба. Кога коњот го намирисал рачето што тајно го хранело се смирил и му дозволил да го грабне за гривата, да го сврти спроти сонцето, да го јавне и да прелета низ полето. Сè замрело во исчекување, а на крајот Филип прозборел: Сине, Македонија

е мала земја за тебе, со таков коњ тебе ти припаѓа светот. И така бидна.

Александар јавнат на Букефал, на чело на фалангата, прелета преку сите битки, создавајќи нови патишта и градови низ целиот свет. Херонеја, Теба, Граник, Ис, Гавгамела, Тир, Мемфис, планините на Хинду Куш, Памир, реката Хидасп во Индија и назад до Вавилон. Букефал го носел Александр на своите плеќи со споменот на детската дланка што го хранела.

Александар, Букефал и Македонија... Беше си биле и останале најсветли настани за сите Македонци.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.