Среда, 30 Октомври 2013    PDF Печати Е-пошта
Одржан семинар за новите технологии во музејската дејност

beti-seminarВо организација на Форумот на словенските култури, со поддршка на Министерството за култура и на Македонскиот национален комитет на Меѓународниот совет на музеи (ИКОМ) во понеделникот на 28 октомври во Скопје се одржа семинар посветен на новите технологии во музејската дејност. На него беа потенцирани факти и бројки кои го илустрираат се` поголемото внимание што Македонија и` го посветува на музејската дејност и археолошките истражувања во изминатите неколку години, што видно влијае на зголемувањето на нивната посетеност. На пример, Музејот на македонска борба регистрирал околу 100.000 посети за две години, а меѓу нив 25.000 биле странски, додека пак Музејот на Мајка Тереза го виделе 400.000 луѓе. Семинарот кој се одржа, но на друга тема и минатата година во Скопје, се смета за основа за партнерство меѓу музеите од регионот, а на него се договараат и активности и за 2014 година. 

Според Министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска која е и претседател на Управниот одбор на Форумот, следењето на новите технологии има огромен бенефит за музејската дејност. „Се потрудивме во сите музејски поставки да направиме нешто ново за да привлечеме што поголемо внимание, но и на музејската дејност да и` дадеме една побогата едукативна функција за младата генерација да доаѓа во музеите и да може директно да се запознае со тоа што го изучува во образованието“, рече Канческа-Милевска и најави дека согласно со Националната стратегија, во Музејот на Македонија ќе биде формиран посебен оддел за едукција на младите. 

„Многу вложувате во наследството и во музеите, зашто тоа е битно за вашиот народ и идентитетот. Важно е како тоа ќе го презентирате и кои приказни ќе ги подготвите“, напомена меѓу другото директорката на Форумот на словенските култури Андреја Рихтер нагласувајќи ја едукативната функција на музеите и важноста да се посетуваат предавања, изложби и работилници уште на предучилишна возраст.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.