|
||||
Штип - традиција |
Како град со долга и богата историја Штип отсекогаш гаел посебен однос кој традицијата - одредени обреди или манифестации, независно во кој период или степен на човековит развиток настанале. Некои од нив датираат уште од паганско време, дел имаат верски, религиозен карактер, а некои се резултат на културниот растеж на градот. Поголемиот дел од нив одамна го имат надминато локалниот призвук и редовно го привлекуваат вниманието на туристи од државата, но и од странство. Во секоја од нив се открива генијалноста на нардонит творец: со огромна љубов изработени носии, ракотворби, ора, песни, кулинарски специјалитети. Штип е познат како град каде со векови постои култ кон негувањето на виновата лоза и црешата. За Штип е карактеристичен штипскиот говор или според дијалектната класификација говорот кој што спаѓа во штипско - струмички. Инаку секој 7 жител добро ги владее англискиот или некој од светските јазици. 8-ми ноември е Празник на градот Секоја година 8 ноември се обележува со мноштво манифестации, традиционална ноќна трка, изложба на ДЛУШ, книжевни вечери, свечена седница на Советот и сл. Коледе Стар пагански обичај со долга традиција прифатен и од христијанството. Редовно во сите маала се палат огнови ококу кој се игра, пее и благословува. Целата церемонија е проследена со фолкорни елементи. 22 март Свети 40 маченици Редок обичај кој е карактеристичен за Штип гледано во пошироки рамки поврзан со христијанскиот празник Свети 40 маченици, но и со постари пагански верувања поврзани со брдото Исар. На 22 март илјадници луѓе од утро до мрак се искачуваат на Исарот од каде кон реката Брегалница секој за себе фрла по 40 камчиња и секој се ракува со 39 луѓе, а 40 треба да го бакне. Богојавление - Водици Традиционално се врши осветување на водите на реката Брегалница и фрлање на светиот крст. Целата манифестација е пропратена со пригодна црковна церемонија со која чиноначалствува митрополитот Брегалнички. Превземено од Убава Македонија |