Панонски легенди се вид црковна литература, што се создавала во периодот на средниот век кај сите христијански народи. Тие претставуваат едно од најстарите дела на оригиналната словенска книжевност. Уметничките достоинства на Панонските легенди се состојат во мајсторската композиција, убаво насликаните ликови на личностите што се опишуваат, особено на браќата Кирил и Методиј.
Панонски легенди содржат две житија: „Житието на Св. Кирил“ и „Житието на Св. Методиј“. Житието на Св. Кирил почнува со опис на животот на Св. Кирил од неговите детски години и неговата наклонетост кон науката и мудроста и продолжува со опис на неговото школување во Магнаурската школа, потоа како библиотекар во црквата света Софија. Авторот опширно ги објаснува мисите на Св. Кирил, времето на пишувањето на азбуката. Една од нивните најзначајни мисии е Моравската мисија, кога кнезот Ростислав ги повикува да проповедуваат на на словенски.
Авторот ја опишува и зависта и клеветите на германските свештеници пред папата, како и борбата за одбрана на словенската писменост. Во „Житието за Методиј“ опишана е животот и делото на постариот брат Методиј. Во двете житија, односно во Панонски легенди основната идеја е да се докаже и одбрани правото на Словените на свој јазик, писменост и култура. Авторот двајцата браќа ги нарекува „раби божји“, прикажувајќи ги како апостоли и светци, божји избраници за големи дела кои не сакале ништо за себе. Овие учени луѓе го одбраниле своето дело со мудрост: Зарем Сонцето не не грее сите?. Поради тоа папата ги ослободил, а луѓето ги сакале и на секој чекор им ја искажувале својата љубов. |