Среда, 11 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Алпинистички локалитети во Македонија

alpinisticki-lokaliteti-vo-makedonija

Прегледот на алпинистички локалитети во Македонија ќе го изнесеме согласно со географската поделба на Република Македонија. Освртот се однесува на најфрекфентно користените алпинистички качувалишта во Македонија.

Најголеми алпинистички локалитети сместени по течението на реката Вардар се: Матка крај Скопје и Демир Капија во јужниот дел од течението на Вардар. Покрај нив, алпинистичка активност има и во локалитетите Пешти крај Велес, Сапунџица и Чичи Кај на Кожув, Китка крај Скопје и други.

Најголеми алпинистички локалитети во западниот дел на земјата се: Лешница на Шар Планина, Солунска Глава на Јакупица, Остра Карпа и Стогот на Селечка Планина. Покрај нив, алпинистичка активност има и во реоните на Кораб, Долината на реката Радика, Бистра, Пелистер, Галичица и други места.

Алпинистичките локалитети во источниот дел на земјата не се најдобро проучени но постојат интересни региони во околината на градовите Штип, Радовиш и Струмица.

МАТКА

Алпинистичкиот и спортско качувачкиот локалитет Матка се наоѓа во кањонот на реката Треска околу 10 км југозападно од градот Скопје. До Матка може да се стигне со автомобил по асфалтен пат или со локален автобуски превоз број 60, кој сообраќа од центарот на градот до Матка.

Алпинистичките и спортскокачувачките насоки се наоѓаат на карпите кои се наоѓаат од обете страни на кањонот во кој е изградена брана и вештачко езеро. Матка е срцето на алпинизмот во Македонија и многу што на Матка зборува за историјата на нашиот алпинизам.

Сместување е можно во планинарскиот дом "Матка" кој е отворен преку целата година, а истиот се наоѓа на брегот на вештачкото езеро. До него се доаѓа по уреден пат за 15 минути од паркингот за возила односно последната автобуска постојка. Домот располага со околу 50 легла. Во домот има можност и за ресторанска исхрана.

На Матка може и да се кампува со шатор и тоа главно на две места:

Во дворот на планинарскиот дом "Матка" и во дворот на манастриот Св. Никола Шишевски кој се наоѓа на спротивната страна од езерото. Кампувањето во манастирот Св. Никола Шишевски е бесплатно.

Карпата на Матка по состав е варовник кој се карактеризира со умерена компактност. Алпинистичките и спортско качувачките насоки се наоѓаат главно на пет локалитети : "Централа", "Отмарова Карпа", "Карпа кај домот", "Маткино Трло" и "Иглите на Матка".

Бројот на алпинистичките насоки изнесува околу 40 со тежина од III до VII и А2 по UIAA, а должина од 150 до 200 метра. Сите алпинистички насоки се добро обезбедени со заштита in situ.

Спортско качувачките насоки кои ги има околу 30, се со тежина од VI+ до IX по UIAA. Сите се добро обезбедени со спит клинови. Должината варира од 15 до 40 метри.

Најдобри периоди за качување на Матка се од март до јуни и од септември до доцен ноември, што не значи дека и во зимските месеци не можете понекогаш да уживате во пријатни пролетни температури.
Постои водач за алпинистичките и спортскокачувачките насоки на Матка кој може да се набави во планинарскиот дом.

Превземено од „Убава Македонија“
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.