Среда, 25 Декември 2013    PDF Печати Е-пошта
Приказна за царот Константин

 

„Царот Константин и богољубената царица Елена не можеа, а да не изградат свој храм во саканото им Скопје“

carot-konstantin

На крајот на III в. по Хр. со Римската империја владееле четири цезари. Диоклецијан од Сплит, Констанцио од Ниш, Галерие од Сердика (Софија) и Луцијан од Дакија, сите од Македонија како што и тогаш се викала провинцијата. Во 306 година по Хр. сите ја предале власта на посвоени наследници а само царот Константин бил избран за цар од војската, како што се бирале наследните македонски владетели од древнина.

Константин во меѓусебните судири за доминација ги поразил совладетелите и по примерот на Александар Македонски ја обновил империјата, проширувајќи ја од Египет до Шпанија и Англија. Создал една држава, со еден цар, со една религија, градејќи многубројни градби по примерот на македонските палати и базилики, богато украсени со фрески и мозаици. Како и претходните македонски цареви изградил градови кои ги нарекол со своето име – Констанцио, Константинопол...

Со закон го заштитил Христијанството и масовно ги покрстувал паганските племиња. Лично учествувал на Никејскиот собор за да го спречи прогонот и погромот на Македонците од страна на римските војници. Така ја возобновил Македонија како уште поголема држава која подоцна ја нарекувале Византија, и која, како таква успеала да стане столб на Православното Христијанство и да ја сочува и развива и понатаму уметноста, писмото и верата за што се залагале сите владетели од македонската царска лоза од Константин И, до Константин

XIX цели 1000 години. Македонците владееле на три континенти. Повеќе од еден милениум владееле низ цела Европа, Азија и Африка и ги оствариле идеите на Константин исто како што тоа го направил Александар.

Мајката – царица Елена, со поддршка на целиот двор има голема заслуга за градењето на првите цркви и манастири од Ерменија до Палестина, Египет и Македонија. Таа ги заштитувала пустиниците, го ширела монотеизмот низ цела Европа и ја поддржувала војната со крст на мечот, како поддршка на Христијанска Македонија.

Во почетокот на IV век и во Скопје била изградена црква “Цар Константин и царица Елена”. Во 1963 година за време на земјотресот, во центарот на Скопје се урна црквата која го носеше нивното име и за жал таа до денешен ден не е обновена. Почитувањето на овие светци продолжува сè до денешното време. Скоро и да нема црква во Македонија каде што нема фреска со нивните ликови која го раскажува нивното житие исто како што и Евзебие го раскажал животот на царот, четирите неговите синови-наследници, браќата, внуците и останатите потомци на лозата на Константин.

Во Македонија и денес децата се крштеваат со тоа славно име, Константин I Великиот, и со милениуми во народот се чува споменот за Македонскиот царски род. Во Ерусалим во првата црква на Царицата Елена се гледаат Македонски штитови на воините и ангелите како спомен останат од тоа славно време па се` до денес...

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.