|
||||
Македонската софтверска компанија iVote победник на престижен европски натпревар |
Македонската софтверска компанија iVote е победник на престижниот европски инвеститорски натпревар (en. European Venture Contest EVC 2013). Тоа е најголем бизнис настан во Европа каде на брзорастечките, просперитени и иновативни компании од цела Европа им е дадена шанса да го презентираат својот бизнис потенцијал пред стручно жири составено од еминентни инвеститори и бизнис ангели од целиот свет. Повеќе од 800 европски компании во раст имаа аплицирано за учество на натпреварот во 2013 година. Преку 12 регионални квалификации, 400 еминентни инвеститори и бизнис ангели избраа 120 компании да презентираат на финалниот самит во Дизелдорф, Германија. Компанијата iVote како победник на балканскиот инвеститорски форум беше поканета да учествува во финалето. Натпреварот беше во организација на Europe Unlimited. Бизнис потенцијалот за понатамошна експанзија на интернационалните пазари и иновативните решенија на iVote беа оценети како стабилни, ветувачки и перспективни од страна на стручното жири и тоа придонесе iVote да биде прогласена за победник на европскиот инвеститорски натпревар во категорија на ИКТ компании. Критериумите според кои се оценуваа учесниците беа поделени на 7 категории: · Бизнис потенцијал на компанијата; Проф. Љупчо Антовски, ко-основач на iVote: „Учеството на европскиот инвестициски натпревар ни даде одлична можност да се поврземе со потенцијални партнери и инвеститори со чија помош ќе обезбедиме брз развој и проширување на меѓународните пазари. Оваа награда е признание за правилниот пристап што го имаме кон освојување нови пазари и ја одликува посветеноста на секој член од семејството на iVote“. Македонска компанија iVote е лидер за софтверски решенија за управување со изборни процеси, избирачки списоци, електронско и корпоративно гласање. Продуктот iVote Demokra овозможува менаџирање на изборните процеси и обезбедува високо ниво на безбедност и транспарентност. Повеќе од 107 милиони гласови ширум светот досега се обработени од страна на Превземено од http://cooltura.mk |