На патот према Шлегово кое од Кратово е оддалечено само неколку километри - во еден предел близу до еден поток една од многуте мистерии во овој крај.
Од патот горе на педесетина метри надолу лежи сега еден мал Манастир - кој е изграден близу до некаква испосничка ќелија близу која пак тече мал поток, а од некаде извира вода во една мала чешмичка, вода за која се верува дека е добра за очите. Над вдлабената испосничка ќелија во карпата има и две фрески во карпата кои за жал времето и негрижата ги избледела. Ќелијата е со капацитет слободно да сместат тројца во лежечка положба. Местото е наречено Писан Камен - во превод значи милостив камен... Прикаската за излекување од болеста на слабиот вид е поврзана и со преспивање во ќелијата за што има голем интерес во одредени периоди од годината. На сон им доаѓа на луѓето дека треба да преспијат во пештерата, да се мијат со водата и да оздрават... Во близина на испосничката ќелија е изградена и мала Црквичка која почнала да ја гради извесна жена од Шлегово - откако и` се сонило дека тука треба да подигне храм во спомен и почит кон Св.Илија. Таа започнала и изградила дел - но работата ја довршиле Кратовчани и жителите на Шлегово, со доброволни прилози и доброволна работа. Традиција на Кратовчани и блиското Шлегово е на ова место да се слави Св. Пророк Илија и тука да доаѓаат за втори Август со сите адети на бирање кум, ручек и другите обичаии. Се раскажува дека на времето кога требало да се гради пат - кој првично бил трасиран точно над местото над испосничката ќелија и светата вода - се случило трагедија. Имено едно дрво при неговото сечење, паѓајки го усмртило човекот. Некоја сила ги натерала луѓето потоа да го изместат патот таму каде сега проаѓа. Има податок дека Кратовско Злетовската област (Осоговијата) има скоро триесетина вакви пештери (скитови) во кои некојпат живееле испосници. Осоговијата е полна со вакви јами и со испосници. Не е случајно што во блиска околина има неколку познати испосници кои живееле близу до Осоговските Планни како што се Гаврило Лесновски, Јоаким Осоговски, Рилски и Прохор Пчињски. За сите нив кружат легенди поврзани со настани кои се опишани и во историјата. Сите се прогласени за светци и чудотворци и посветени им се големи манастирски Цркви кои опстојуваат и до ден денешен.
Крале Марко |