Среда, 02 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Св. Александар од Белица, црква која крие мошти од Светец

sv-aleksandar-1

Над селото Белица (кичевско), во кругот на гробиштата постои мало црквиче посветено на Свети Александар. Селаните го слават на 26 мај, тоа е селски празник, Александрија. Славата е единствена. Не е познато дека се празнува и на друго место. Арно ама и црквичето Свети Александар. Не постои друга црква посветена на овој светец.

Кој е Свети Александар?

Икона на Свети Александар

Во прологот на МПЦ пишува:

Свети Александар. Словенин. Осумнаесетгодишен војник во војската на царот Максимијан. Одрече да ја изврши царевата наредба за чествување на римските идоли, заради што му беше предаден на капетанот Тиверијан: или да го посоветува да се откаже од Христа или да го мачи и да го погуби. Бидејќи сите совети му беа залудни, Тиверијан го зеде со себе, го поведе низ Македонија кон Цариград, каде што и самиот мораше службено да оди. Во секое место низ коешто ќе поминеа Александар беше луто мачен, но секаде излегуваа пред него христијаните молејќи го за благослов и храбрејќи го во подвигот. По него одеше и неговата мајка Пименија. Во текот на патувањето на Александар повеќепати му се јавуваше ангел Господов, блажејќи му ги маките и храбрејќи го. На едно место наречено Карасура, маченикот со молитвата кон Бога направи чудо; имено, кога жедта му здодеа и нему и на војниците што го придружуваа, тој изведе студена вода на суво место. На брегот на реката Ергина Тиверијан му нареди на џелатот да го заколе Александар и да му го фрли телото во водата. А џелатот, кога замавна над главата на маченикот, виде наоколу светли Божји ангели и се уплаши, а раката му премале. Александар го запраша зошто му премале раката и тој рече дека гледа некои светли момчиња околу него. Желен да умре и да се соедини со Господ, Александар Му се помоли на Бога да отстапат ангелите за да не се плаши џелатот. И така џелатот ја заврши својата работа, во 289 година. Пименија го извади од реката телото на нејзиниот син и чесно го погреба. На гробот на маченикот стануваа многу исцеленија. Откако умре тој и` се јави на мајка му и и` навести дека и таа набрзо ќе замине во другиот свет.

panorama-belica

Со оглед што Св. Александар бил од Македонија, а пострадал во 289 година откаде точно потекнувал. 23 години после неговата смрт, Светиот Цар Константин Велики со Миланскиот едикт го озаконува Христијанството како државна религија (313 година) со што завршуваат прогоните на Христијаните. Бидејќи сеќавањата за Маченикот биле свежи, народот можно е да му го подигнал храм. Ранохристијанските храмови се правеле над гробовите на светците. Таков е примерот со Тивериополските маченици во Струмица. Ова црквиче токму лежи врз постара и поголема црква. Во еден дел од црквичето има камен со латински натпис. Тоа е уште еден аргумент кој упатува на староста на постарата црква. Дали ова мало црквиче под себе ги крие моштите на Свети Александар кој пострадал заради верата? Многу аргументи логично водат кон тоа.

Што пишува науката за ова место?

Археолошка карта на Македонија, 1996 година:

,,Св. Александрија, средновековна црква и некропола. Според исказите на Васил Штерјоски и Крсте Секулоски, денешната црква била подигната врз темелите на постара црква. Во 1912 година, при расчистувањето на просторот од источната страна на црквата бил откриен гроб во кој имало сребрени монети што биле однесени од српскиот началник“.

kicevo

Неколку фотографии од самото место: 1) камења од градба кои излегле откако на местото поминал багер, 2) и 3) остатоци од столб и капител 4) делкан бигорлив камет земен од старата црква

Самото село Белица егзистира од античко време. Доказ за тоа се урнатините, могилите и старите гробишта кои се забележани во науката. Над селото, длабоко во шумата поминува прастар пат кој доаѓа од Хераклеја, кај село Подвис се дели на два крака, кон Дебар и Кичево. Наместа се познаваат поплочени делови, патокази и урнатини од објекти. Старото село Белица било во близина на овој пат.

Сите села во овој регион имаат континуитет од неколку илјади години. Населението е староседелско. Паметат легенди и преданија што ги нема на ниту едно место во Македонија. Во сите села има прастари цркви, гробишта и остатоци од тврдини. За голем дел од нив мештаните имаат сопствена верзија која се темели на кажувања на постарите. Така и за Свети Александар чиј спомен се зачувал и празнува до денешен ден. Останува на науката да ги потврди овие сознанија. Селото Белица веќе поведе иницијатива за заштита и возобновување на храмот врз неговите стари темели.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.