|
||||
Етногеографските граници на Македонците во 15. век |
Српскиот писател и хроничар Mapтин Сегон во 1480 г. ги опишува етногеографските граници на Македонците во 15. Век: Скопје се наоѓа на границата меѓу Дарданија и Македонија, и низ градот тече реката Вардар… Мостот на р. Струма во близина на планината Жеглигово [*1], долината кај с. Конопница и Велбужд (Ќустендил), ги дели Македонците од Трибалите или Бугарите. …Реката Дрим извира од езерото близу Охрид, градот на Македонците, и истата ги дели од дебраните (кои се нарекувани Дарданци) . …Планинскиот масив Орбел [*2] ја одвојува Македонија од Епир, Тесалија, Волос, Акарнанија, Етолија, Беотија и Атос, а од другата страна ги дели Македонците и племето Беси од Трибалите, Скордисците и Траките, и завршува кај морето [*3]… Границата на Епиp е кај пл. Пинд [*4] …Струма претставува граница меѓу Траките и Македонците. …Грчките населби се наоѓаат во и околу Солунскиот Залив, јужно од Солун - славниот град на Македонците.“ Тој во 1480 г. напишал извештај за состојбите на Балканот (завладеан од Турците), и во него воглавно се говори за географијата и патиштата, но, меѓу другото, ги опишува и народите на полуостровот.
[*2] Тука авторот ја има предвид планинската верига Динариди, на запад и на југ од Македонија (oд Скопска Црна Гора и Бистра до Олимп, а на север се протега, покрај Далматинското крајбрежје, сè до Јулиските Алпи), на којашто ги надоврзува Осоговските Пл. и Пирин, на североисток и исток во Македонија ;
[*3] Eгејското Море ;
[*4] Границата на Епир со Македонија и Тесалија. A. Petrusi, Martino Segono di Novo Brdo, vescovo di Dulcigno, un umanista serbo-dalmata di tardo Quatrocento, Roma 1981. http://www.montenegrina.net/pages/pages1/istorija/crnojevici/o_balkanskim_krajevima_i_narodima.htm Macedonia : a True Endless Story ... |