Среда, 30 Април 2014    PDF Печати Е-пошта
Пештери во Македонија

pesna

Пештерите во Македонија преставуваат едни од многуте природни скриени богатства во кои се крие голем туристички потенцијал. Во Македонија има 346 пештери, од кои стотина се јами или таканаречени пропасти. Останатите се хоризонтални објекти. За најдлабок објект се смета Солунска Глава со длабочина од 450 метри. Овој објект е и најголем на Балкан от. Има извонредни украси од зелен мраз и сталагнити високи до 2 метра. Посебна е пештератаЗмејовец за која според легендата на Марко Цепенков, во оваа пештера доаѓале луѓе од секаде, поради лековитата вода што се наоѓала во пештерата.

Угледниот американски весник „Њујорк тајмс“ пишува дека Пештерата Пешна кај Македонски Брод е идентична со измислените волшебни пештери кои биле специјално направени за снимањето на најпопуларниот филм на магијата и волшебството - Господарот на прстените.

Пештерата Пешна се наоѓа на 6 километри од Македонски Брод и е прогласена за споменик на природата. Според спелеолозите, Пешна е со најголем отвор на Балканот - таваницата на отворот е 30 метри висина.

Од крајниот северен дел на пештерата, по силни дождови и топење на снегот избива силен вруток кој во сушните периоди од годината наполно пресушува. На влезниот дел на пештерата постои средновековна тврдина.

Според мештаните, врутокот е реката Пешна понорница, која според извесни теории е Крапската река која формира неколку езерца и водопади во „најголемиот пештерски систем кај нас“, за кој се претпоставува дека е долг неверојатни десет километри.

Остатоците од тврдината во пештерата се доведуваат во врска со месноста „Девини кули“ која се гледа од внатрешноста на пештерата. Според локалните легенди, на двете тврдини живееле сестрите на Крале Марко. Како што потврдуваат и промотерите на брендот на Крале Марко, „легендите велат дека на нејзиниот влез и навнатре била изградена тврдината на втората сестра на Крали Марко.“ Пешна е регистрирана како локалитет од доцноантичкиот период во Македонија. Во близина на селото Слатина, пред влезот на самата пештера е откриена гробница со свод од тули и страничен влез од западната страна.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.