Среда, 24 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Марена или Света Огнена Марија

ognena-marija

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Родум од Антиохија Писидиска, од родители незнабожци. Дури во својата дванаесетта година слушна за Господ Исус Христос, дека се воплоти од Пречистата Дева, дека изврши многу чуда, прими крсна смрт и славно воскресна. Нејзиното младо срце се распали со љубов кон Господ и таа се заветуваше дека никогаш нема да се мажи и со сета душа сакаше да пострада за Христа, да се крсти со крв на мачеништво. Татко и ја замрази заради нејзината вера и не ја сметаше за ќерка. Кога царскиот намесник Олимвриј дозна дека е христијанка, побара од неа најпрво да му биде жена. А кога го одби, и нареди да им се поклони на идолите, на што Света Марина одговори: „Нема да им се поклонам ниту ќе им принесам жртва на безживотните и мртви идоли, кои ниту самите знаат за себе ниту пак знаат дали ние ги чествуваме или ги бесчестиме: не им ја давам онаа чест што Му припаѓа само на мојот Создател“. Тогаш Олимвриј ја подложи на маки, па целата изнаранета ја фрли во затвор. Во затворот Марина го молеше Бога и по молитвата и се јави најпрво ѓаволот како страшна змија што и се намотка околу главата. Но штом светителката се прекрсти, змијата се распукна и исчезна. Тогаш ја заблесна небесна светлина и ѕидовите на затворот заедно со покривот исчезнаа и се јави крст, висок и блескав, а на неговиот врв бела гулабица, од која се слушна глас: „Радувај се, Марино, словесна гулабице Христова, ќерко на севишниот Сион, зашто дојде денот на твојата радост. “ Тогаш, со силата Божја, беше исцелена од сите рани и болки.

Другиот ден безумниот судија ја мачеше во оган и во вода, но Марина се претрпе како во туѓо тело. Најпосле ја осуди на смрт со меч. Пред смртта и се јави Господ Исус со ангели.

Беше заклана во времето на царот Диоклецијан, но со душата и силата остана да живее на небото и на земјата. Една рака од Света Марина се наоѓа во манастирот Ватопед на Света Гора. Во Албанија пак, на планината Ланга над Охридското Езеро, се наоѓа манастир на Света Марина со дел од нејзините чудотворни мошти. Во овој манастир се случуваа и се случуваат многубројни чуда и за нив сведочат не само христијаните туку и муслиманите. Кон оваа светителка Турците имаат толкава почит, што никогаш не посакале да посегнат по светоста и имотот на манастирот. Едно време тутор на овој манастир беше Турчин. "

Во народот е позната како огнена Марија зашто била господарка на огнот и заштитничка на посевите од пожари и од поројни дождови.

Се вели дека Света Марена (Марина) му била сестра по чудотворни дела на Свети Наум. Таа е позната по своите чудотворства. Во селото Злетово, пробиштипско, во времето на отоманскиот период, на самиот празник Света Марина (Огнена Марија), најголемиот ага го собрал целото население и ги натерал да го жнеат засаденото пространо поле со жито. Верниците го молеле да ги остави тој ден да не работат, објаснувајќи му дека било тежок, голем празник. Не одзивајќи се на молбите на рајата, агата на сила ги донел сите мажи, жени и деца да жнеат. Работеле цел ден, а приносот бил многу богат. Кога товарите жито биле натоварени на неколку запрежни коли, кои ги поседувал агата, тој тргнал да си оди дома, без да им остави на населението ни една вреќа. Целиот принос тогаш се запалил.

Следната година, истиот тој ага, една недели пред празникот Огнена Марија, самиот ги помолил христијаните верници да не работат на празникот, туку да го прославуваат.

 

На прво место

News image

Тажна е сликата од едвај 30-тина луѓе околу Ахмети кој направи богатство на грбот на народот, а сега остана буквално сам

Ахмети зборуваше пред едвај 30-тина луѓе. Тажна е сликата за политичарот кој направи кариера збору...

Историја

News image

Тргнување – истражување – враќање на Карнегиевата комисија

Комисијата трга од Париз на 2 август 1913 г., поточно 10 години од Илинденското востание. Застанува ...

Иселеници

News image

ИЗЛЕЗЕ ОД ПЕЧАТ БРОЈОТ 70 НА СПИСАНИЕТО „ПОВОД“ ОД СИДНЕЈ

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ о...

Култура и туризам

News image

Чудотворни икони на Пресвета Богородица

Во селото Коњче има црква што ја имаат кончани и друзите села од околијата као за манастир, чунки во...

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.