|
||||
Свадба во Кукуш |
Руба. Седум дни пред свадбата в недеља од момата прашчает у момчето стомна вино. Неколку моми ходат у момчето, имаешчем за момчето две кошули, две гашчи, една антериа, еден елек, една шамија, две бохчи; за браќа му, за свекор, свекрва, за чичовци, вујковци и тетиновци, по кошуља и риза; за јатрви вујни и тетки по крпа, за мајсторот што го учил занает и за учителот по кошула. Стигвеешчем у момчето, сите тие дарови обесват на ѕизд во одајата к’де момчето имат обесени сите дарови шчо му пратила момата. Им давает да ручает и момчето им целиват р’ка и ги служит по ракиа (ако пијет). После момите пејет и играјет оро така, шчо три п’ти излегвет надвор од вратата и влегвет натре. Това се каже руба. Замес. Три дни пред свадбата, в чеврток рано, месвет у момчето две погачи; една за момата друга за кумот. Се берет у момчето неколку моми и замесват хлеб вака: донесвет три ношви (на ошто месет хлеб) и три сита; три моми ќе засеат брашно и ќе го соберат наедно. Мало дете шчо имат татко и мајка клават сољ и вода; и со дрвце кое имат на крајот топувче и кое викает кукудавка прво смешвит брашното и водата; а момите после го замесват. После кревает детето на р’це, а детето три п’ти ќе удрит со дрвцето на греди и три п’ти ќе речит: „Момок и мома“. – Това се велит замес. Истиот ден момите прават фруглицата (бајрак), која је трска на неа зашиена бела риза везана, а на врхот јаболко шикосано (варакосано со злато). После една девојка облечена во момчеви руби, со м’шки фес на глава, фаштат на орото другите моми и водит танец, држеешчем фруглицата. Вечерта еден ковчег, во кој клавает бамбаќерно семе ј’чмен и три јаболка, го испрашчает у момата со фругличарите (кои носат фруглицата кога одеет за невеста; побратимите), кои, како г’ однесат седват на него. По малу идет момата, им целуват р’ка и ги даруват по риза, а тије је предавает ковчегот и се врашчает. По ними момчевиот татко со два-троица земат погачата, шчо месиха раното, и која је врзана крстообразно со црвена коприна и настреде имат цело и ходит у момата. Тамо им давает да јадет, и таткото скршвит погачата на виненото грне. После ќе се разговорат со моминиот татко за обушвата (дрехи). Истиот вечер седум-осуммина од родината момчева земает каниска (јастје со кое канат) и погачата што месиха раното, и ходат у кумот да го канат на венчавање. Тамо се гошчавает и ноќта се врашчает назад. Петок. По ручег се берат у момата нејѕини сродници, невести и моми за да ја плетат. Се собирает околу неа и прво кладват мало дете шчо имат татко и мајка, за да ја заплетит и зачешљат, а момите ќе ја исчешљает и ќе ја доплетат со песни. Кога тие ќе свршет, момата им целуват р’ка и си клават на глава фесот и шамијата (шчо је беше дал момчето на големиот армас); а после заедно со сите играт оро. Тога невестинската руба, која ќе носит у момчето, стоит в одајата обесена. Во тој ден у момчето вие карафил во книжина, со кои фругличарите канат гостите. Најодзади фругличарите ходат у момата да кажат че во недеља имает свадба. Невестата ги даруват по риза. Собота. Неколцина се берат у момчето за да закољат волот (без вол не бидвит свадба). На волот накитват главата и роговите со цвеќа и китки и му пеат песни; и дури да го одерат и суредат, не престанват да пејет и да играет оро. По ручек фругличарите со карта вино (чутура) канет на вечера гостите шчо беа ги каниле во петокот, а кумот не. Како ќе кладат вечера на гостите, фругличарите се врашчает у момата, к’де еднакво служат и од к’де не может да се вратет без повелање од моминиот татко. Свадбени песни од КукушИзлегла је невеста (Кога невестата се клањат у кумот) Излегла је невестата од утрина во недеља да си мете рамни дворје, дворје мете, солѕи роне. Изметила, исчистила, та застана проти слонце, спроти слонце од протива, со слонцето си зборува: „Еј ти слонце, лепо слонце! Ти си греиш на високо, ти си гледаш на далеку, на далеку на широко, нели виде мојата мајка, мојата мајка, мојот тејко, и моите до два брата, до два брата два близнака, и моите до две снахи, до две снахи и две сестри? Слонцето и проговара: „Еј невесто црнооко! Вчера от там поминах, твојата мајка колак месе, твојте браќа коња седлат, твојте снахи вино точат, твојте сестри венци виат, ќе си ходат за невеста.“ К’де ќе одиш наша друшко Кога невестата иставајет од дома је „К’де ќе ходиш наша друшко! Кому мајка ќе оставиш? Кому тејко ќе оставиш? Та и твојте брата?“- „Оставам, ќе ги нар’чам, на градина рамн’ босиљок.“ Сон го краде лудо младо Кога зетот ручат у невестата Сон го краде лудо младо, сон му краде црни очи, а не може да заспие!- Донесејте шарен бардак, шарен бардак студна вода.- Донесоха шарен бардак шарен бардак, студна вода, нема вода да заспие! – Донесејте лоза с грозје! – Донесоха лоза с грозје, нема лудо да заспие. – Донесејте благи јаболка! Донесоха благи јаболка, нема лудо да заспие. – Донесејте шарен јорган!- Донесоха шарен јорган, нема лудо да заспие! – Донесејте мала мома! – Донесоха мала мома, тога лудо је заспало. Од зборникот на Миладиновци. Марко Китевски |