Костадин Керпичоски
Всушност незнам кој повеќе, дали владата на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, дали народот Македонски има заслуга за победа, победата која Македонија ја слави, за поразот, поразот кој малата Македонија им го нанесе на големите веле сили!
|
|
Петре Кривчевски
Во име на амбачадорот, црпнатиот и светиот НАТО, после исав преговори „падна“ договор за нови преговори за нов договор. Повлечи-потегни, држ-недај, нати го-дајми го, ти реков-ми рече, притисоци, закани, натегања, нагодувања, подметнувања, наседнувања, нарцизам, егоизам, влечење за уши јазик и партали... но, бидна! Формата без суштина, договорот за договор, би требало да вроди со избори доколку нема нови мафтосувања, маслосувања и изговори. Попарени од млекото во минатото, сакале нејќеле ќе дуваме и на маштеницата во иднина. Та не еднаш се случи Зоран рекол Заев одрекол па да му веруваш. Избори заговараме - изговори бараме, сега-засега да одложиме и од фијаско куртулиме а за понатаму ќе пулиме ќе прајме.
|
|
Свекрва
Во последната година од владеењето на американскиот претседател Барак Обама сведоци сме како во светот владее се поголем хаос. Војната во Сирија како да нема крај, исто како и бегалскиот бран од Азија и Африка кој ги руши бедемите на Европа. Напливот на бегалци и мигранти со себе носи бројни припадници на исламскиот фундаментализам. Како резултат на веќе етаблираните и придојдените радикални структури, терорситичките напади стануваат се почести, а жртвите како оние во Франција, Белгија и Турција, стануваат побројни.
|
|
Александар Џеповски
Што е она што не прави генијалци да кажеме како Турција и Америка ја оплескаа калимерата?
|
|
Подготвил: Тихомир Каранфилов
Манастирот Св. Наум е познат не само по своето минато, тој е познат со својата местоположба и убавина, за која сведочат описите на разните патеписци. Во манастирската книга на посетители е запишано воодушевувањето на европските патеписци кои ретко имале можност да видат на своите патувања такво прекрасно и живописно катче.
|
|
Бранко Сотировски
Македонската ѕвезда на пролетта заедно со седмокракиот свеќник претставуваат симболи на македонската вера уште од почетокот на создавањето на науката и уметноста, јазикот и писмото. Македонскиот свеќник, до ден денес е во употреба во македонските храмови. Води потекло од камениот период и претставува симбол на светлината ИЛ и симбол на седумте планети Сонцето, Венера, Меркур, Месечина, Сатурн, Јупитер, Марс. Македонскиот свеќник е во форма на триаголник кој го симболизира светлото тројство.
|
|
Костадин Керпичоски
Затоа што сте патриот, војвода, Македончиште!
Затоа што заедно со фамилијата Мијалкови секогаш сте први на браникот на татковината!
Затоа што членството го почитува претседателот на партијата!
Затоа што народот Македонски стои позади вас, пред вас, ве чува и ве брани !
Затоа што жив штит ве чува вас претседателе!
Никој, ниту внатрешни предавници ниту пак надворешни сили, НИКОЈ и НИШТО не ви може!
|
|
Свекрва
Македонија одамна е подготвена за интеграција во ЕУ и НАТО, а и народот го посакуваше тоа. Земјата повеќе пати покажа и докажа дека има капацитет да ги превземе обврските и одговорностите за да придонесе кон стабилноста на Балканот и сигурноста во Евроатланската зона. Македонските војници долги години учествуваат во мировните мисии, а покажаа умешност и во справувањето со бегалската криза. Но, македонскиот народ уште еднаш беше разочаран. На Самитот на НАТО во Полска беше повторена одлуката од Букурешт 2008, за покана на Македонија за членство во НАТО, штом ќе се изнајде решение на спорот за името.
|
|
Александар Џеповски
Уште колку будали има што веруваат дека ЕУ и НАТО ќе постојат долго? Подобро прашање е кои будали сакаат да влеземе во ЕУ и НАТО?
|
|
Подготвил: Тихомир Каранфилов
Охрид е свет град за Македонците. Во него треба да се оди на поклонение како што се оди во Света Гора и Ерусалим. И има на што Македонците да се поклонат во Охрид. Тука се поклонува на една славна епоха, на епохата на Св. Климент, кој многу значи во историјата. Тука се поклонува на правот на Св. Климент, на Св. Наум, на гробниците кои се зачувани и после толку години. Се поклонува на толку скапи историски споменици, останати од славната епоха на светите следбеници, се поклонува на седиштето на Охридските патриарси, кои ако не друго, тогаш барем ја пренесуваа од век на век една света за македонскиот народ традиција, која во новото време беше храна и го покажа своето огромно значење. Праведно е кажано дека во Охрид секој камен е свет и дека тој ни раскажува историски и непроценливи нешта. Некои стари цркви во Охрид и многуте манастири и цркви на македонскиот народ во Охридско, со своите историски древности, му даваат за право тој да го држи приматот меѓу сите градови на Балканскиот Полуостров. А. Шопов, кој го посетил тој крај во 1891 г., вели дека правдата бара да се каже дека во тој однос Трново треба да отстапи и да се поклони пред Охрид.
|
|
|
|