Култура и туризам
Среда, 27 Септември 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Таа ноќ уште повеќе се уверив дека синилото најдобро се гледа дење, а најубаво се чувствува ноќе

SavoKostadinovski-180

Таа ноќ уште повеќе се уверив дека синилото најдобро се гледа дење, а најубаво се чувствува ноќе. Затоа, наместо да спијам на двокатен кревет, синилото го барав во темнината на ноќта, на војнички ќебиња во паркот зад касарната.

Повеќе...
 
Среда, 20 Септември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше

SavoKostadinovski-180

Три години пред последната посета на дедо Јанко на Ботуше јас го напуштив Ботуше. Со иста намера како што го направиле тоа и тој и прадедо ми Костадин.

 

Повеќе...
 
Среда, 13 Септември 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Вознесение на Александар Македонски на небо!

aleksandar1-180Во центарот на стариот руски град Владимир постои една неверојатна прекрасна православна црква - стара, со прекрасни и оригинални барелјефи. Тоа е катедралата Дмитриевски која веднаш го привлекува окото со својата необичност. Ова катедрала (од крајот на 12 век) беше централната зграда на не преживеаниот до денес ансамбл на палатата на принцот Всеволод. Големата катедрала на принцот Всеволод (крстен Дмитриј) била посветена на наговиот небесен покровител Светиот великомаченик Дмитриј Солунски. Со реставрација на фасадата храмот делумно го врати својот оригинален изглед.

Повеќе...
 
Среда, 13 Септември 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Забележав дека не му беше сеедно што се заборава црквата

SavoKostadinovski-180

Забележав дека не му беше сеедно што се заборава црквата. Како што не му беше сеедно што се запустува селото.

 

Повеќе...
 
Среда, 06 Септември 2017 03:04    PDF Печати Е-пошта
Св. Апостол Павле и Македонија

filipi-180Co полно право може да се прифати дека надвор од градот, Филипи, крај реката Македонците, оделе да ги вршат своите молитвени ритуали Македонците, затоа што и Страбон пишува дека тие ја обожавале водата и воопшто изворите и реките. По секоја веројатност, откако ја прифатиле грчката паганска религија, Македонците не ги заборавиле ниту своите традиционални верувања и обичаи. Имено со такви верувања и обичаи на етничките Македонци се сретнал апостолот Павле за време на својата прва посета на градот Филипи.

Повеќе...
 
Среда, 06 Септември 2017 03:02    PDF Печати Е-пошта
ФОЛКЛОРНИТЕ ОБИЧАИ, УСНИТЕ ПРЕДАНИЈА И НАРОДНОТО ТВОРЕШТВО ПРИДОНЕЛЕ ЗА ЗАЧУВУВАЊЕ НА МАКЕДОНСКОТ ИДЕНТИТЕТ

narodno-tvorestvo-240Историјата за Македонската сага е долга колку и името Македонија. Низ вековите таа етнички била угнетувана.

Повеќе...
 
Среда, 06 Септември 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Сѐ е на исто место, само што сега е сѐ позапустено

SavoKostadinovski-180

– Сѐ е на исто место, само што сега е сѐ позапустено. Се пусти селото, се пустат местата. Не да е поарно од пред осумнаесет години кога бев последен пат, ами е уште попусто. Колку помалку народ има, толку е полошо. Едно време имаше и училиште. Сега само десетина деца. А село без деца не е село. Пиши му крст. Ете што го чека Ботуше. Ми се чини во турско беше поарно селото. Оваа денешница како да не ги сака нашиве села. Гледам сите запустеле. Што власт ќе е оваа кога не мисли на селото? Како може да е народна кога не прави ништо арно за народот по селата?

 

Повеќе...
 
Среда, 30 Август 2017 03:00    PDF Печати Е-пошта
Затоа пееше и затоа ги знаеше сите песни за тегобата на душата

SavoKostadinovski-180

Затоа пееше.

Затоа ги знаеше сите песни за тегобата на душата.

Ги знаеше и сите комитски песни што се пееле во Порече или кај откорнатиците во Австралија. Ги пееше од длабочината на душата, оти тоа беа песни за маката и за радоста семејна. Затоа, колку што беа комитски, тие беа и печалбарски, а за него – најмногу таговни. Во нив ја чувствуваше сета мака, сета меланхолија, сета судбина – и негова, и семејна, и македонска. Во нив тој ги наоѓаше утехата и оддишката од тешкиот товар на минатото. Кога пееше Јанко комитска песна, кај никого од тие што го слушаа немаше трага на радост, на насмевка. Преку песната кај нив ја пренесуваше тагата што излегуваше од песната и како трепетно ехо ги заплиснуваше срцата на луѓето крај него.

 

Повеќе...
 
Среда, 23 Август 2017 06:31    PDF Печати Е-пошта
МАКЕДОНСКИ НАРОДНИ ПОГОВОРКИ: Бисери на мудроста

knigaМакедонските народни поговорки се куси и мудри пораки кои ги создавал нашиот народ во минатото. Преку нив се изразува длабока мисла за човекот, работата, животот, пријателството и се она што не опкружува.

Со поговорките најчесто се изнесува критика, суд, за на крајот да се извлече и главната поука.

Повеќе...
 
Среда, 23 Август 2017 03:01    PDF Печати Е-пошта
Точно по шеесет години дознав што се случило со сетра ми, каде отишла и каде е сега

SavoKostadinovski-180

Точно по шеесет години дознав што се случило со сетра ми, каде отишла и каде е сега. Едно време рече чекајте тука, излезе набрзина и отиде во болницата. Овој е улав, вели Богдан и затоа не ми личи многу дека ти е внук. Што мака го фати што отрча в болница. Не помина време колку за еден тутун, го гледаме како се враќа, а со него доаѓа и доктор. А, бре овој да не води за нас доктор, си се прашува Богдан. Е..., – па тоа е главниот доктор во болницата. Дури се чудиме ние, дојдоа во дуќанчето и Ружди ми вели и овој ти е внук. Овој е брат ми Мифтар. Да се чудиш, да не веруваш. Шеесет години ни абер ни поштук имав за сестра ми, а сега одеднаш два внука запознав! Од друга вера, ама од иста крв. Што ти бил животот. Тие да бидат веднаш преку планина, а ние абер да немаме за тоа. Барем еден збор да имавме чуено за сестра ми Петра, дали е жива да разберевме… И после, ти велам Јанко, јас уште зашеметен од тоа што го гледам и што ми се случува, запнаа внуците да ме носат дома да си ја видам сестрата. Поминаа пазарџии од селово, им сторив абер по нив на моите дома да не ме чекаат таа вечер. Мифтар ја напушти болницата, Ружди го затвори дуќанчето и – право кај нив дома. Оваа е сестра ти Первин, ми велат кога стигнавме. Како првпат да ја гледам жената. Кога ја видов последен пат имаше дваесет, а сега осумдесет години. Тогаш беше мома – сега старица. Беше Петра – станала Первин?! Се запознавме повторно. И цела вечер муабети – што, како.., оти ништо не знаев за неа, ниту таа за нашата фамилија. Утрината, на Мифтар не му се одеше на работа, туку со Петра, сите тројцата, се кренавме на пат за Ботуше! Кутрата Петра загубила надеж дека пак ќе си ја види родната куќа. Ние исто така. По трагата кога ја грабеле слушнавме дека ја одвеле во селото Ќафа накај Кичево, а таа живеела во Бањица...

 

Повеќе...
 


JPAGE_CURRENT_OF_TOTAL

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.